Реклама
Македонија

Граѓани повторно ја блокираа крстосницата кај „ТИТАН Усје“ барајќи стоп за загадувањето

Стотици граѓани, организирани од иницијативата „Стоп за Усје“, попладнево повторно ја блокираа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стотици граѓани, организирани од иницијативата „Стоп за Усје“, попладнево повторно ја блокираа крстосницата пред фабриката „ТИТАН Усје“, изразувајќи незадоволство од, како што велат, долготрајното загадување на воздухот во Скопје.

Со транспаренти „Жолт картон за Усје и МЖСПП“, „Ваши тајни деловни за наши бели гробови“ и „Скопје во одбрана на живот“, демонстрантите побараа итни мерки за заштита на здравјето и животната средина.

Активистите побара поставување мерни станици во фабриката и независен мониторинг на загадувањето. Од групацијата ТИТАН остануваат на ставот дека работат според законите, со А-интегрирана еколошка дозвола и современи филтри.

Реклама