Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Македонија

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата „600 милиони евра за развој и локален прогрес“ имаше претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека има огромна разлика од минатото и сега, каде општините не добивале поддршка од централната власт за капитални проекти а сега со промена на власта се инвестира подеднакво во сите општини, без поделба.

-Како што кажа министерот Перински 1200 проекти се проекти кои содржат техничка документација којашто во најголем дел беше изработена години наназад, но поради немање на финансии во минатото општините не можеа да ги реализираат, ова е проект кој наиде на позитивни реакции кај сите граѓани. За прв пат во историјата на Република Македонија, 30 години наназад не се делат општините, инвестициите стигаат до секое населено место, за прв пат во историјата на Република Македонија наеднаш се градат толку многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура како никогаш досега, рече Ѓорѓиевски.

Претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски вели дека е значајно што се инвестира во сите општини, проект којшто се случува за прв пат во историјата на државата, при што секој градоначалник според потребите на граѓаните така и ги насочува средствата во својата општина.

Реклама

-Сметам дека ова е проектот кој недостасуваше 30-тина години во Македонија. Се надевам дека овој проект ќе продолжи и понатаму и сериозно ќе ја градиме и менуваме државата како што тоа го правиме во моментов сега, вели Ѓорѓиевски.