Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Ѓорѓиевски: Во Гази Баба ќе испишеме историја во вториот круг

Во Гази Баба ќе испишеме историја во вториот круг, порача кандидатот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Гази Баба ќе испишеме историја во вториот круг, порача кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, кој вечерва оствари средби со граѓани во Идризово и Стајковци.

-Ви благодарам за убедливата поддршка и најголемата разлика во гласови токму овде. Тоа покрај чест, е и огромна одговорност што ја прифаќам со целото срце. Му честитам и на мојот пријател Бобан Стефковски за победата во првиот круг, објави на својот Фејсбук профил Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски, во новиот мандат најавува подобрување на водоснабдувањето преку приклучок на главната цевка. 

Реклама

-На булевар „Хрватска“ покрај тоа што ќе се изградат две нови ленти и две пешачки зони, во рамки на истиот зафат ќе се постави нова водоводна мрежа. Со тоа конечно, после три децении, Црешево и Смилковци ќе имаат нормално водоснабдување, објави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски, исто така, најавува и итно решавање на проблемите со ЈСП и Комунална хигиена.

-Свесен сум за сите проблеми во јавните претпријатија, но денес сум повеќе од кога било мотивиран да ги решиме, со силна поддршка од Премиерот Христијан Мицкоски и со јасна волја за работа. 60 автобуси се подготвени и само чекаат зелено светло, а со уште 40 што ќе ги сервисираме, Скопје ќе добие 100 функционални автобуси уште веднаш, најавува Ѓорѓиевски.

Во новиот буџет, Ѓорѓиевски, исто така, најавува милион евра за нова фекална канализација во Идризово.

-Не доаѓам, почитувани, со празни зборови.  Доаѓам со кредибилитет, со работа зад себе и со јасна визија напред. Заедно со Боби, ги засукуваме ракавите и уште веднаш почнуваме со работа. Време е за конкретни дела и нова страница на развој во Гази Баба и Скопје. Да излеземе масовно и референдумски и да го избереме најдоброто што доаѓа, објави Ѓорѓиевски.