Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Македонија

Ѓорѓиевски се сретна со турскиот амбасадор Улусој, тема можностите за натамошно унапредување на партнерството

Во рамки на активностите за унапредување на меѓународната соработка и размена на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на активностите за унапредување на меѓународната соработка и размена на добри практики со партнерските земји, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој. 

-Го запознав амбасадорот Улусој со нашата програма и визија за современо, паметно и урбано Скопје, како и со јасната заложба за забрзан развој на нашиот град. Заеднички ја потенциравме долгогодишната соработка и традиционално добрите односи меѓу нашите две земји. Разговаравме и за тековните активности на Град Скопје, како и за можностите за понатамошно унапредување на партнерството, особено во сферата на урбаниот развој, инфраструктурните проекти, културната размена и соработката со бизнис-заедницата, изјавил Ѓорѓиевски по средбата.

Особено внимание било посветено на потенцијалните иницијативи кои би донеле конкретни придобивки за граѓаните на Скопје, како и на размена на добри практики во локалното управување.

Реклама

Градоначалникот ја нагласил подготвеноста на Град Скопје да продолжи да работи на продлабочување на односите со Република Турција, а амбасадорот Улусој ја истакнал континуираната поддршка на Турција за развојните процеси во нашиот град.

На крајот, заеднички го потврдиле потенцијалот за нови иницијативи и активности што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на скопјани и за понатамошно зацврстување на меѓусебната соработка.

Во делегацијата од Република Турција, предводена од амбасадорот Фатих Улусој, биле и Синан Танриоген – советник за трговија во Амбасадата на Република Турција, Ирем Нур Ташер – трет секретар во Амбасадата, Доукан Канан – помошник координатор на ТИКА Скопје, Бекир Ибиш  – претставник на Турскиот културен центар во Македонија, како и Осман Демирѓул, координатор на меѓународни училишта и претставник на фондацијата „Маариф“ во Македонија.