Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Ѓорѓиевски: Општините се директен мост меѓу граѓаните и државната дипломатија

Во просториите на Општина Кисела Вода, денес се одржа средба меѓу градоначалникот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Општина Кисела Вода, денес се одржа средба меѓу градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, и амбасадорот на Република Турција во земјава, Н.Е. Фатих Улусој. На средбата, која се одвиваше во пријателска и конструктивна атмосфера, присуствуваше и пратеничката Иванка Додовска.

Градоначалникот Ѓорѓиевски и амбасадорот Улусој се запознаа и разговараа за можностите за соработка како на локално ниво, во рамки на Општина Кисела Вода, така и на пошироко ниво преку Заедницата на единици на локална самоуправа – ЗЕЛС.

-Со амбасадорот Улусој ја отворивме можноста за продлабочување на односите преку конкретна соработка на локално ниво. Општините се директен мост меѓу граѓаните и државната дипломатија, а ваквите средби се одлична можност да се иницираат проекти што ќе донесат конкретни придобивки за заедниците. Како претседател на ЗЕЛС, ја гледам оваа комуникација како потенцијал за партнерства кои ќе бидат од корист за сите граѓани, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.