Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Ѓорѓиевски: Очекувам Советот на Град Скопје да биде извор на идеи, визии и решенија, а не на поделби

Денес стоиме пред почеток на едно ново, убаво поглaвје за нашиот главен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес стоиме пред почеток на едно ново, убаво поглaвје за нашиот главен град. Оваа прва конститутивна седница на Советот на Град Скопје е чин со кој испраќаме силна порака дека демократијата живее преку одговорноста, соработката и визијата за подобро Скопје. Овој Совет, избран со доверба од граѓаните, има историска задача да го насочи Скопје кон стабилен, функционален и одржлив развој, да покаже дека кога политиката ќе ги стави интересите на граѓаните пред се, резултатите се видливи, конкретни и трајни. Немаме време за експерименти, мораме сите заеднички да се зафатиме за работа, работа и тоа веднаш, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

На првата конститутивна седница на Советот на Градот, Ѓорѓиевски се осврна на неговите приоритети како градоначалник и упати порака до советниците дека нивната улога во заедничката приказна за Скопје е клучна. Напомена дека очекува овој Совет да биде извор на идеи, визии и решенија, а не на поделби, како и да покаже дека локалната власт може да биде пример за професионалност, интегритет и ефикасност.

Ѓорѓиевски изрази и уверување дека Советот ќе ги носи одлуките со консензус и само во интерес на Скопјани.

Реклама

– Верувам дека заедно, со визија, труд и одговорност ќе изградиме модерен, чист и достоинствен град Скопје, каков што сите заслужуваме. Без разлика на политичката припадност, сите сме тука за една заедничка цел – да го направиме Скопје подобро место за живеење. Очекувам овој Совет да биде извор на идеи, визии и решенија, а не на поделби, да покажеме дека знаеме да соработуваме кога станува збор за интересите на нашиот народ. На граѓаните им должиме чесност, посветеност и конкретни резултати. Наша обврска е да ја вратиме довербата во институциите и да покажеме дека локалната власт може да биде пример за професионалност, интегритет и пред се ефикасност, потенцира градоначалникот.

Тој уште еднаш рече дека целта му е од Скопје да создаде град кој ќе биде пример за чистота, ред, транспарентност и современ, урбан развој, град во кој, како што нагласи, граѓаните ќе се чувствуваат безбедно, гордо и рамноправно. 

– Скопје е срцето на Македонија. Ова е град со историја, традиција, култура и младост. Нашата мисија е да го зајакнеме сето ова, да направиме од Скопје место во кое младите ќе останат, каде семејствата ќе се развиваат, а сите наши граѓани ќе живеат достоинствено. Во наредниот период ќе се фокусираме на неколку клучни приоритети: да обезбедиме ефикасен, но и модерен јавен превоз што ќе ги поврзува сите делови од нашиот град, ќе вложуваме во нови автобуси, во подобрување на сообраќајната сигнализација и безбедноста на нашите улици. Чистиот воздух, многу зелени површини и решенија за отпадот се темелите на еден здрав град. Скопје мора да стане лидер во еколошките политики со конкретни и видливи резултати. Нема да дозволам урбанизацијата да биде хаотична, туку планирана и во интерес, пред се, на нашите граѓани. Тоа го покажав и во минатото како градоначалник во Кисела Вода, а ќе се залагам за тоа и во Градот Скопје. Ќе се залагаме за рамнотежа меѓу развојот и заштитата на јавниот простор, подвлече Ѓорѓиевски.

Се осврна и на младите кои, рече, се двигател на секоја заедница.

– Затоа ќе обезбедиме поддршка за младински проекти, иновации, културни иницијативи и спорт. Градот ќе биде партнер, а не пречка за нашите млади, истакна Ѓорѓиевски.

Тој посебно укажа на транспарентноста која, како што потенцира, е исто така еден од врвните приоритети.

– Скопје од вчера е отворен град за сите, граѓаните мора да знаат како се користи секој денар од градскиот буџет. Ќе обезбедиме јавен пристап до сите информации, отворени податоци и отчетна администрација, рече градоначалникот.

На крајот од обраќањето, Ѓорѓиевскиизрази благодарност до жителите кои, како што рече, ги поддржаа визијата и искрениот пристап и кои препознаа дела, наместо празни зборови.

Со денешната прва конститутивна седница на Советот на Град Скопје раководи Ристо Пенов.