Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Ѓорѓиевски: Над 300 милиони е вкупниот долг на ЈП, до денес се над 500 отпуштени кои не доаѓале на работа 

Над 300 милиони евра е, според нашите пресметки, вкупниот долг на јавните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 300 милиони евра е, според нашите пресметки, вкупниот долг на јавните претпријатија на Скопје, а не како што очекував околу 200 милиони. Ќе треба посериозен ангажман, но тоа е дополнителен предизвик и мотив во намерата да изградиме метропола со која сите ќе се гордееме за кратко време, изјави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, на една од националните телевизии.

Ѓорѓиевски кажа дека состојбата не го плаши. Како што рече, „ќе  биде пеколно тешко, но имам одличен тим и очекувам силна поддршка од Владата и со добра организација и домаќински ќе ја надминеме состојбата“. 

Најави дека сите јавни претпријатија ќе претрпат измени во менаџерскиот тим и наскоро ќе бидат соопштени кадровските решенија за Град Скопје, за ЈП, установи од културата и средните училишта. 

Реклама

-Природно е и логично секој човек со себе да си донесе луѓе со кои сака да работи. Кадровските измени ќе бидат соoпштени во следните денови, рече Ѓорѓиевски. 

Соопшти дека од 370, денес е речиси 500 бројот на отпуштени од работа поради недоаѓање на работа.

– Тоа значи пет милиони евра на годишно ниво, тоа се сериозни пари со кои досега ќе имавме Лунапарк. За тоа се знаело и во минатото, но изгледа се немало храброст да се преземат чекори. Нема да имам толеранција кон никого за тоа, така беше и во општината што ја раководев, рече Ѓорѓиевски.

Како што рече, со правни тимови разгледува можност не само што се отстранети од работа туку и средствата да бидат вратени и да има одговорност од раководители на сектори и од директори што тоа го дозволувале.

Најмногу вакви случаи имало ЈП Паркови и зеленило и во ЈП Комунална хигиена но, рече,  и во Дрисла и Водовод и канализација и во сите други ЈП имало ваков тип појави и различни профили на работници. Како што рече, не се работело  само за три дена туку за неколку месеци па и години да бидат луѓе на платен список без да доаѓаат на работа.