Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Ѓорѓиевски: Има индиции дека постои сериозна злоупотреба со проценките на данок на имот во Град Скопје, околу 40 милиони евра на годишно ниво се загубите

Има одредени индиции дека постои сериозна злоупотреба со проценките на данок на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има одредени индиции дека постои сериозна злоупотреба со проценките на данок на имот во Град Скопје, изјави градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, посочувајќи дека стручни служби веќе се влезени и испитуваат како на пример, одредени објекти наместо да плаќаат за површина од 20 илјади квадрати, плаќаат данок на имот само за 500 квадрати површина. 

Ѓорѓиевски, во гостувањето во дневникот на Сител, изјави дека веќе имале неколку последователни состаноци со Управата за финансиска полиција, нагласувајќи дека „сериозно се занимаваат и со јавните претпријатија и состојбите таму, но и со состојбите во Градот Скопје“, изразувајќи надеж дека во наредниот период конечно ќе има исход од сите тие постапки коишто во минатото нанеле сериозни штети на јавните претпријатија и Градот Скопје. 

– Проценките на данок на имот, има одредени индиции кај нас, да не бидам попрецизен и кажам дека имам сигурни информации. Има стручни служби и веќе се влезени да го испитуваат тоа, на пример, како на одредени објекти наместо да плаќаат за површина од 20 илјади квадрати во Градот Скопје, на некого му текнало во секторот, можеби насочен од некој друг, да се плаќаат само за 500 квадрати површина данок на имот. Тоа е сериозна злоупотреба и на крајот на денот сметката за тоа ја плаќаме сите ние, граѓаните, изјави Ѓорѓиевски. 

Реклама

Има, нагласи Ѓорѓиевски, многу ниска наплата на данок на имот и најави дека од наредната година започнуваат со проект за нова репроценка на данокот на имот.

– По она што го имаме како првична информација околу 40 милиони евра на годишно ниво се загубите, што се енормни загуби на ниво на Град Скопје, изјави Ѓорѓиевски. 

Ѓорѓиевски, исто така, рече дека денска имал средба и со стопанствениците на ресторани и кафеани во Градот Скопје и дека над 95 проценти од сопствениците на локали пет години наназад не им биле регулирани односите за користење на локалите.

– Едноставно, системот не функционирал. Затоа недостасуваат и средства во буџетот, затоа е состојбата алармантна не само со јавните претпријатија, туку и со Градот Скопје во однос на финансиите, изјави Ѓорѓиевски. 

Ѓорѓиевски, меѓу другото, изрази убеденост дека може градот да го исправат на здрави нозе и нагласи дека не работи сам и оти има сериозно добар тим, што е зад него и помага.

Во однос на 500-тината вработени на кои им го прекина работниот однос првиот ден како градоначалник, Ѓорѓиевски рече дека тоа граѓаните ги чинело годишно околу пет милиони евра што значи дека „губеле по два Луна парка во еден градоначалнички мандат“ со оглед дека новиот Луна парк, за кој тендерот ќе биде распишан до петок како што претходно најави, ќе чини околу 10 милиони евра.