Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија

Четирите јавни претпријатија во град Скопје ќе добијат нови вршители на должноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четирите јавни претпријатија во град Скопје ќе добијат нови вршители на должноста директор. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва ги соопшти нивните имиња. 

Во јавното претпријатие „Улици и патишта“ за директор ќе биде назначен Борис Настов кој ја извршувал оваа функција на почетокот на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска, а во „Водовод и канализација“ Иван Митровски, досегашниот заменик-градоначалник на Кисела Вода. 

Како што соопшти Ѓорѓиевски, за директор во Јавното сообраќајно претпријатие ќе биде назначено лице кое долги години работи во ова претпријатие, а во „Комунална хигиена“ човек кој долги години работел во комуналниот сектор во Град Скопје. 

Реклама

– Во „Комунална хигиена“ ќе биде поставен директор кој исклучитено добро се покажа изминатиот период за време на акцијата 72 часа. Не е актуелниот в.д. директор. Се вика Драги, човек кој долги години работел во комуналниот сектор во Град Скопје, не бил екпсониран ниту партиски, ниту во јавност. Во ЈСП Скопје ќе биде назначен Саше кој работи долги години во ова претпријатие, има искуство и ги разбира процесите, соопшти Ѓорѓиевски за време на гостувањето во една од националните телевизии.

Ѓорѓиевски негираше дека некогаш кажал дека ќе ги приватизира јавните претпријатија. Вели дека ќе работи на зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија и дека ќе работи на тоа да станат самоодржливи. 

Сметките за граѓаните, како што кажа, нема да поскапат. – Така сум ветил во кампањата, рече Ѓорѓиевски.