Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Прилози

Ѓорчев: Неизвесно е дали Бугарија ќе добие Влада, за Македонија подобро е Борисов да ја формира

Бојко Борисов е победник на изборите во Бугарија, но останува енигма дали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бојко Борисов е победник на изборите во Бугарија, но останува енигма дали ќе успее да состави влада по одржувањето на седмите парлементарни избори во последниве четири години на кои излезноста е 38%.

Герберите освоија речиси 27 отсто од гласовите или 74 од вкупно 240 пратеници, па за Борисов да формира влада ќе мора да коалицира.

Во Парламентот влегуваат дури девет политички сили според резултатите на Централната изборна комисија. Бугарските аналитичари прогнозираат дека Борисов сепак ќе се обиде да формира Влада и ќе успее доколку најде заеднички јазик со идните коалициски партнери.

Реклама

Поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев, вели дека неизвесноста дали Бојко Борисов ќе формира стабилна Влада е голема. Сепак, не ја отфрла можноста и за широка коалиција.

За Македонија најдобра опција би било во Бугарија да се формира стабилна политичка Влада, што со оглед на резултатите, би било тешко изводливо. Амбасадорот Ѓорчев вели дека позитивен сигнал е тоа што ГЕРБ освои најмногу гласови бидејќи е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ.

Според преброените гласови на Централната изборна комисија во Софија,  победници се ГЕРБ-СДС која зема над 74 мандати. На голема дистанца по Герберите е партијата на Кирил Петков со 42. Трета по ред е Преродба со 36.

Гледајќи го расчленувањето на гласовите ќе бидат потребни три или четири партии за да се формира мнозинство.

Досега, Борисов само ја отфрли можноста да работи со крајнодесничарската, „Преродба“.