Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Економија

„Голема роденденска прослава на Прилепска Пиварница во Прилеп“

На 13 јули, сабота, со почеток од 20 часот, во срцето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 13 јули, сабота, со почеток од 20 часот, во срцето на Прилеп, на централниот
градски плоштад, ќе се одржи голем целовечерен настан за одбележувањето еден век од
постоењето на Прилепска Пиварница.


Прославата ќе биде исполнета со добра музика и забава за сите, а ќе настапат реномираните
артисти Марија Шерифовиќ, „ДНК“ и „Тропико бенд“, кои ќе се погрижат да приредат
незаборавна вечер што долго ќе се прераскажува. За уште поголемо уживање, за
времетраењето на настанот, пијалаците на Прилепска Пиварница на настанот и во
угостителските објекти во Прилеп ќе се продаваат по промотивна цена.

Заради безбедна реализација на прославата на 100-годишнината, Прилепска Пиварница
известува дека во Прилеп ќе биде воведен времен режим на сообраќај со кој ќе биде затворен
дел од булеварот „Гоце Делчев“, и тоа на потегот од крстосницата со ул. „Кузман Јосифоски“
до крстосницата со ул. „Прилепски Бранители“ во периодот од 12 часот на 12.7.2024 до 12
часот на 14.7.2024, а сообраќајот ќе се пренасочува кон околната улична мрежа.

Реклама

За максимално уживање на забавата, Прилепска Пиварница праќа апел до сите учесници во
сообраќајот да ја почитуваат сообраќајната сигнализација, а возилата да се паркираат на
безбедни и означени места, следејќи ги упатствата на службите за паркирање и насоките на
полициските службеници и редари. Уживајте на прославата и консумирајте одговорно. Не пропуштајте ја можноста да бидете дел
од историјата и да прославите 100 години успешност заедно со нас.