Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Прилози

Голема полициска акција: Запленети рекордни 27 тони марихуана во Скопје и Струмица

Полни со дрога полициски камиони, во придружба на голем број комбиња и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полни со дрога полициски камиони, во придружба на голем број комбиња и возила на МВР. Запленети 27 тони марихуана, тоа се неофицијалните информации  до кои дојде Алфа. Во кругот на фабриката Охис, каде се наоѓа компанијата Алфафарм ДОО Скопје, повеќе од пет часа се товареше одзмената опојна дрога. Кордонот на МВР, во придружба и на царински инспектори, во дворот влезе некаде пред 17:30, а со силно полициско обезбедување замина на еден час пред полноќ.

Надлежните се уште официјално не излегуваат со детали. Она што е познато е дека МВР во соработка со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција влегоа во голема полициска акција во Скопје и Струмица, во фирми поврзани со производство на опојна дрога.

-МВР во координација со ОЈО ГОКК презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица во врска со опојна дрога. Повеќе детали по завршувањето на активностите, кажаа претходно од МВР.

Реклама

Оваа полициска акција доаѓа по големата заплена на пет тони марихуана во Србија, за која српските власти тврдат дека влегла од Македонија. Според информациите претреси се вршеле на неколку локации, поврзани со истрагата кај северниот сосед. Неофицијално до сега пронајдени биле неправилности во работењето, марихуаната незаконси се одгледувала, складирала, чувала и транспортирала.

Инаку, Компанијата Алфафарм ДОО Скопје која е предмет на истрага на обвинителите, е регистрирана во Македонија во 2023-та година, со основачки капитал од 529 илјади и 50 евра. Регистрирана е како фирма за одгледување и преработка на ароматични и лековити билки за фармацевтска употреба. Компанијата дозвола за одлегување канабис во медицински сили добила 16-ти април 2024-та година. Според податоците од Централниот регистар, косопственици таму се Иван Драганиќ, Предраг Брковиќ, Роберт Живковиќ и Јована Мијаловиќ.

Матеја Петровски