Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Голема генералка за почисто Скопје, најави Ѓорѓиевски прво по изборите

Кандидатот на градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски најави голема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот на градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски најави голема генерална на главниот град доколку на локалните избори ја добие довербата од граѓаните.

-Она што ги тишти граѓаните години наназад е нефункционалноста на Комуналната хигиена. Прво со што ќе се зафатам е да направам реорганизација во Комуналното претпријатие и една голема генералка на главниот град. Изминативе четири години како прв човек на Кисела Вода мислам дека покажав дека работите можат поинаку да изгледаат. Решивме многу проблеми кои ги имаат граѓаните, изјави Ѓорѓиевски.

Прашан за тоа дали е ова уште едно празно ветување, како на многумина политичари во минатото, Ѓорѓиевски одговори дека од политиката се влегува и се излегува, но најважно за него е образот да остане чист.

Реклама

-Кога ќе заврши се поврзано со политиката да можам со гордо крената глава да шетам меѓу сограѓаните. Нема ништо подрагоцено од тоа, дециден е Ѓорѓиевски.