Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Економија

Голем долг во Државни патишта и сомнеж за криминал, Трајановски финансиски го консолидирал ЈПДП

Речиси 18 милиони евра долг оставило претходното раководство на ЈП за Државни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси 18 милиони евра долг оставило претходното раководство на ЈП за Државни патишта. Актуелниот директор Коце Трајановски вели дека долгот бил и до 10 пати поголем од парите кои претпријатието ги имало на сметка, но за краток период успеале да ги консолидираат финансиите. Долговите не биле плаќани по поднесените фактури уште од февруари. Особено голем долг имало претпријатието кон Македонија пат. Трајановски е најмногу задоволен од големиот прогрес во наплатата на патарини.

„Значи имаме во јули, за 66 милиони поголема наплата во однос на минатата година. Тоа јасно зборува дека ние работиме посветено, работиме домаќински за да може од ЈП да биде во многу стабилна состојба. Уште нешто сакам да потенцирам. Има потпишано договори со многу високи цени. Само една цена ќе кажам за споредба. За ангажирање на еден електроинженер со ВСС, за еден час работа цената е 30 илјади денари“ – вели Коце Трајановски, директор на Јавно претпријатие за државни патишта.

Автопатските делници долж коридорите 8 и 10, како Прилеп-Битола, Тетово-Гостивар и Гостивар – Букојчани, а особено патот Кичево – Охрид се во фокусот на надлежните. Министерството за транспорт и Јп за државни патишта имаат редовни неделни состаноци за елиминирање на проблемите и забрзување на градбата.

Реклама

„Состојбата ако кажам дека е лоша, е благ збор. Наследивме катастрофална состојба, кадешто проекти воопшто не се менаџирале, кадешто за обични административни работи се заглавувани проекти по година, две, три. Ќе дадам само еден пример. Експресниот пат Градско – Прилеп којшто треба да го забрза движењето на целиот централен регион на Македонија, беше заглавен година и половина заради неформирање на комисија заради незавршување на процедурални работи коишто за само месец дена ги завршивме и во вторник со информација на Влада ќе го завршиме и тоа, такашто за брзо време тој пат ќе биде ставен во функција“ – вели Александар Николоски – министер за транспорт.

Премиерот Мицкоски го повика јавното обвинителство да работи на откривање на целиот криминал во јавното претпријатие за државни патишта, направен пред промената на власта. Според него, мора да има одговорност за направените штетни договори, поради кои се одлевале пари на граѓаните.

„Го повикувам јавниот обвинител избран од мнозинството СДСМ и ДУИ да влезе во институциите и да се позанимава со криминалот којшто го правеле функционерите од СДСМ и ДУИ. Само така ќе покаже дека навистина е неутрален и објективен. Во спротивно ќе мораме ние како Влада да го заштитиме интересот на граѓаните. Ако не се постапува, ако не се работи, ние мораме, затоа сме платени од граѓаните и ние мораме да го заштитиме тој интерес“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Голем напредок во последниве два месеци е направен не само преку собирањето на патарини, туку и УЈп собрало повеќе даноци, а Царинската управа царински давачки.

И покрај пониските приливи во буџетот во првите 6 месеци, особено од ДДВ и акциза, Владата со ребалансот испланира да собере за 2,6% повеќе пари во државната каса. Планот е да се подобри собирањето на овие два данока и да се зголеми наплатата кај царините, данокот на добивка, данокот на личен доход, пензиско и здравствено осигурување, административни такси, концесии и неданочни приходи.