Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Економија

Го испорачуваме ветеното, донесени важни закони за пензионерите и за студентите, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ги испорачува ветувањата кон граѓаните, посочувајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата ги испорачува ветувањата кон граѓаните, посочувајќи дека вчера се донесени два важни закона за пензионерите и за студентите. Потенцираше дека барањето од пензионерите за линерано зголемување на пензиите е реализирано од страна на Владата.

-Тие бараа фер, правично, линеарно зголемување и со овие нови 2.000 денари линеарно зголемување, ако се додадат и оние 5.000 денари, претходните, тогаш за 18 месеци имаме линеарно зголемување на пензиите за 7.000 денари. Ако се спореди ова зголемување, со зголемувањето во минатото, тогаш доаѓаме до заклучок дека неколкукратно се зголемени пензиите за пензионерите. Дали е доволно? Не е. Но, дали е повеќе од тоа што било? Тогаш апсолутно е неколку пати, четири-пет пати повеќе од кој било просек да го земете во подолг период, изјави денеска Мицкоски, при посетата на Гевгелија.

Според него, ако се земе просекот на зголемување на пензиите во време на претходната Влада на СДСМ, во период од  седум години, ќе се види  дека во изминатите 18 месеци за четири пати е повеќе зголемувањето на пензиите.

Реклама

Како што истакна,  вториот клучен Закон кој пратениците го донесоа е за студентите, кои без разлика дали се редовни и вонредни ќе добијат вредносни ваучери од 15.000 денари за набавка на електронски уреди.

– И да вториот Закон е законот за студентите од сите универзитети во државата, на сите универзитети повторувам и редовни и вонредни, буквално сите ќе се стекнат со право да добијат ваучер, вредносен бон, во вредност од 15.000 денари, којшто ќе го искористат за набавка на електронски уреди, коишто понатаму ќе им послужат на нив во текот на студирањето, рече Мицкоски.

Тој забележа дека „тоа што во минатото се крадеше, сега се гради и се испорачува за граѓаните“.