Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Глобална недела на парите од 16 до 22 март: „Разговори за паметно управување со парите“

Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, во периодот од 16 до 22 март 2026 година, четиринаесетта година по ред ќе ја одбележат Глобалната недела на парите.

Целта е да се зајакнува свеста на младите луѓе, од рана возраст, за значењето на финансиската писменост и потребата да стекнуваат знаења и вештини и да градат ставови и однесувања потребни за донесување разумни финансиски одлуки и за постигнување финансиска благосостојба и финансиска отпорност.

Глобалната недела на парите традиционално се одбележува преку предавања за различни возрасни групи, објавување едукативни материјали од областа на финансиите на интернет-страниците, одржување работилници со физичко присуство или онлајн, како и објавување едукативни содржини на социјалните мрежи.

Реклама

Како што информираат од народната банка, темата на која е посветена годинaшната глобална недела на парите е: „Разговори за паметно управување со парите“ (Smart money talks).

– Во рамките на одбележувањето на Глобалната недела на парите, Народната банка ќе организира бројни активности коишто вклучуваат повеќе возрасни групи, како и повеќе едукативни алатки. Во соработка со Сојузот на средношколци ќе биде одржана трибина со учениците од средните училишта на тема: „Паметно со парите – зборувај, размислувај, одлучувај“. Во неделата на парите, ќе се одржат и предавања за учениците од основните училишта, како и за студентите. Преку објавување прашања во рамките на едукативниот квиз на социјалните мрежи на Народната банка, јавноста ќе има можност да го провери своето финансиско знаење. Народната банка ќе даде придонес и кон националниот натпревар на Европскиот квиз на парите, којшто ќе се одржи за време на Глобалната недела на парите, се вели во денешното соопштение.

Во организација на Организацијата за економската соработка и развој (ОЕЦД),  Глобалната недела на парите се одбележува од 2012 година, со единствен прекин во 2020 година поради пандемијата. Досега одбележувањето е во повеќе од 176 земји во светот, при што се вклучени 32.000 организации и институции и се опфатени 71 милион деца и млади.

Повеќе информации за Глобалната недела на парите се достапни на врската: www.globalmoneyweek.org.