Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Гласањето во АФЕТ по извештајот за земјава одложено за 24 јуни

На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На предлог на известувачот Томас Вајц, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) денеска го одложи гласањето за усвојување на Извештајот за земјава за 24 јуни.

Во текстот се споменува важноста од зачувување на динамиката и доверливоста на процесот на европска интеграција и се истакнува дека нашата земја продолжува да покажува посветеност кон евроинтеграцијата и усогласување со политиките на ЕУ.

Во документот се наведува дека демократските институции во државата функционираат “задоволително”, но дека политичката поларизација останува пречка за неопходните реформи. Се апелира на засилување на напорите за унапредување на владеењето на правото и независноста на судството, борбата против корупцијата, реформирањето на јавната администрација и унапредувањето на транспарентноста околу сопственоста на медиумите.

Реклама

На основниот предложен текст на Извештајот, кој беше објавен на 18 март, беа доставени вкупно 313 измени, од кои повеќето дополнително објаснуваат или надополнуваат одредени делови од текстот, но има и такви кои воведуваат нови содржини или оценки.

Посебно внимание привлекоа измените кои го нагласуваат македонскиот јазик и идентитет.

Вајц и претседавачот на АФЕТ, германскиот европратеник Дејвид Мекалистер, предлагаат измени за вметнување нова Точка Д-а со идентична содржина: “Со оглед на тоа што ЕУ постојано го покажува своето признавање на македонскиот јазик и идентитет”.

Холандскиот европратеник Тајс Ројтен, исто така, предлага додавање на алинеја 19а во Извештајот, која би гласела “Имајќи го предвид постојаното признавање на македонскиот јазик и идентитет од страна на ЕУ”.

Ројтен предлага уште една измена и тоа на Членот 2 за негово дополнување со текстот “со целосно почитување на македонскиот јазик и идентитет”, додека Вајц предлага надополнување на истиот член со зборовите “и целосно почитување на македонскиот јазик и идентитет”.

Европратениците Ден Барна, Урмас Пает и Петрас Ауштревичиус заеднички предлагаат измена на Членот 2 со кој се бара вметнување на текстот “и притоа целосно признавајќи ги македонскиот идентитет и јазик”.

Хрватските европратеници Карло Реслер и Давор Иво Стиер предлагаат нов Член 2б кој би гласел: “Ја потврдува важноста на недвосмисленото признавање и почитување на македонскиот јазик и идентитет како составен дел од наследството на земјата, уставниот поредок, но и од европските вредности; забележува дека европските институции, во своите извештаи за земјата и официјални документи, постојано се повикуваат на македонскиот јазик во согласност со меѓународното признавање и спроведувањето на Преспанскиот договор; потврдува дека почитувањето на јазичниот, културниот и националниот идентитет е фундаментална компонента на процесот на пристапување во ЕУ и камен-темелник на демократските општества, што дополнително ќе се потврди со пристапувањето во семејството на европските нации”.