Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење

Водата за пиење во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата за пиење во Скопје е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за употреба. Изминатиов период во јавноста и на социјалните мрежи се пласираат информации за површинска депонија што се поврзува со изворот „Рашче“, а со тоа се создава непотребен страв и паника кај граѓаните во однос на безбедноста на водата за пиење. Депонијата не е на територија на Град Скопје, соопшти попладнево скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.

– Затоа, сакам најпрво да ги кажеме фактите. Депонијата за која се зборува не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворите „Рашче“. Истата постои веќе 30 години. Без разлика на тоа, секоја депонија која претставува еколошки проблем треба да биде исчистена. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје е задолжено да постапи во рамки на своите надлежности, а Град Скопје ќе застане со целосна поддршка за оваа локација да биде расчистена, иако не е на наша територија. Истовремено, сакам јасно и недвосмислено да порачам – водата што ја пијат скопјани е безбедна – пишува во објавата на Фејсбук.

Градоначалникот додава дека резултатите од секојдневните анализи на водата покажуваат дека таа е микробиолошки и хемиски исправна и безбедна за пиење.

Реклама

– Секој ден дополнително се земаат примероци од 36 до 40 различни локации низ водоснабдителниот систем, кои детално се испитуваат во лабораториите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Изворот „Рашче“ е под постојан, 24-часовен надзор и обезбедување. Станува збор за простор кој е силно заштитен со видеонадзор, како и со физичко обезбедување на голема површина околу изворот. Затоа, на граѓаните сакам да им порачам, бидете спокојни. Скопје има безбедна вода за пиење – додава Ѓорѓиевски.

Во објавата се истакнува дека со здравјето на граѓаните нема политика, нема манипулации и нема компромиси.

– Никогаш нема да премолчам доколку постои каков било ризик по здравјето на скопјани. Но, исто така, нема да дозволам со невистини, шпекулации и ширење паника да се создава недоверба таму каде што фактите, анализите и резултатите јасно го покажуваат спротивното. Се грижиме за нашето Скопје. Во секој детал – потенцира Ѓорѓиевски во објавата.