Реклама

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Македонија

Ѓорѓиевски: Акциите за воспоставување ред на пазарите ќе продолжат, толеранција за дивите продавачи нема да има

Акциите за отстранување на дивите продавачи и воспоставување ред на пазарите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Акциите за отстранување на дивите продавачи и воспоставување ред на пазарите и во нивната околина ќе продолжат и во наредниот период, не само во Чаир, туку и во други општини – најави денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој посочи дека продавачите имаат обезбеден простор на пазарите за продажба и оти не може да се продава на булевари, пешачки и велосипедски патеки.

Одговарајќи на новинарско прашање за зачестените активности во делот на Бит-пазар, каде што неодамна беше спроведена акција за отстранување на диви продавачи при што биле одземени околу 500 килограми храна, Ѓорѓиевски денеска по увидот на градежни активности на мостот што се гради на улица „Љубљанска“ во Карпош, рече дека од почетокот на неговиот мандат целта е да се воспостави ред во главниот град.

-Од самиот почеток во мојот мандат, она што се трудиме да го направиме во главниот град е да создадеме ред. И ред недостасува – рече Ѓорѓиевски.

Реклама

Тој посочи дека дел од граѓаните по една или две опомени се повлекуваат од ваквите појави, но нагласи дека мора да се почитуваат правилата за местото на продажба.

-И има граѓани коишто веднаш после една опомена или две опомени знаат да изреагираат и да се повлечат од вакви девијантни појави, би рекол, коишто ги прават. Се знае каде е местото каде што треба да се продава. Не може некој да продава на сред булевар, на пешачка, на велосипедистска патека и така натаму – рече градоначалникот.

Ѓорѓиевски информира дека акцијата била заедничка активност на Град Скопје, градските служби, Инспекцијата, Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за внатрешни работи, а најави дека ваквото постапување ќе продолжи.

-Ако некој милува да добива по десет пати казна за исто дело коешто го повторува, тоа говори за неговиот карактер, не говори за нашиот. Наша обврска е да создадеме ред. А што се однесува до продавачите, тие имаат слободен простор во пазарите и се знае каде треба да ја продаваат својата роба или сите тие намирници коишто ги продаваат. Имаме неколку пазари, но имаме и постапување не само во Чаир, постапуваме и во Кисела Вода во околината на пазарот, постапуваме и во Центар во околината на пазарите, така што насекаде ќе постапуваме. Ред мора да има во градот. И толеранција на ваквиот тип на појави барем јас не почитувам и нема да дозволам да се повторува тоа во иднина. – рече Ѓорѓиевски.

Во однос на продавачите, тој посочи дека има слободен простор на пазарите и дека се знае каде треба да се продаваат стоката и намирниците.

Во однос на Шелтер центарот на Пошта, Ѓорѓиевски посочи дека Шелтер центарот е еден од проектите кои треба да добијат нова намена и да биде простор за младите во рамките на проектот „Скопје – Град престолнина на културата“.

-Тоа е еден од проектите коишто веруваме дека ќе го оспособиме да биде објект за младите во рамки на проектот Скопје – Град престолнина на културата, во којшто и ние ќе имаме одредени инвестиции –  рече градоначалникот.

Тој информира дека Владата, преку Министерството за транспорт во моментов инвестира во реконструкција на кровот на објектот.

-Тоа беше место каде што се сеќавате, еден вицепремиер во минатото, но и негови соработници сакаа за некоја друга абнормална намена да го користат – кабаре или клуб некој, не знам како беше точно – рече тој и оцени дека сега објектот ќе ја добие, како што рече, вистинската намена и ќе биде простор за младите.

Во врска со мостот „Генерал Михајло Апостолски“ во Гази Баба, Ѓорѓиевски информира дека веќе е обезбеден првиот дел од трасата и се срушени објектите, а од понеделник се очекува да започнат активности за поставување рабници и приклучоци до пристапните улици.

Ѓорѓиевски потсети дека ветил оти мостот ќе биде завршен во рамки на неговиот четиригодишен мандат, но очекува функционалноста на просторот да биде обезбедена уште во првата година.

-Јас тоа ветив дека ќе го завршам за четири години, еве до првата година од мојот мандат ќе биде обезбеден функционалност на тој простор и тој мост генерално, Генерал Михајло Апостолски. Тоа е вториот проект голем којшто стоеше како споменик во градот Скопје десетина години – рече градоначалникот.

Како трет капитален проект Ѓорѓиевски го посочи булеварот „Борис Трајковски“, за кој очекува градежните активности да завршат пред рокот за Нова година, а четври проект, како што посочи, е клучката Момин Поток, каде што, според него, градежните активности се одвиваат со забрзано темпо.

-И четвртиот е клучката Момин Поток каде што може да забележите дека сериозно, сериозно брзо се движат градежните активности и таму ќе финишираме до крајот на оваа календарска година – изјави Ѓорѓиевски.

Во однос на Генералниот урбанистички план на Скопје, градоначалникот рече дека се работи на него, а повеќе детали ќе бидат соопштени кога ќе бидат достапни.

Тој нагласи дека транспарентноста ја става на прво место и дека, како што рече, ниту во минатото, ниту сега не криел информации од медиумите, јавноста и граѓаните.

-Знаете дека јас како градоначалник и во минатото и сега, а таков ќе бидам и во перспектива, транспарентноста ја ставам пред сè и никогаш ништо не сум сокрил ниту од медиумите, ниту од јавноста, ниту пак од граѓаните – нагласи Ѓорѓиевски.