Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

ГИР ОЧЕКУВА ДА СЕ ИСПОЛНАТ СИТЕ ПРЕПОРАКИ ДАДЕНИ  ОД ОЛАФ

Евроамбасадорот не сака да ја коментира истрагата на ОЛАФ, европското тело за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Евроамбасадорот не сака да ја коментира истрагата на ОЛАФ, европското тело за борба против измами, истрага која утврдила дека во Македонија се злоупотребени 2.2 милиони евра преку програмата Еразмус плус, пари кои сега мора да се вратат од државниот буџет.

Дејвид Гир само вели дека очекува Националната агенција да ги спроведе препораките дадени од ОЛАФ.

-Во согласност со стандардните процедури не коментираме за одлуки донесени од ОЛАФ. Тоа е телото на Европската Унија за истражување измами. Очекуваме од Националната агенција за „Еразмус Плус“ во Македонија да ги испорача сите препораки дадени од ОЛАФ. Продолжуваме да имаме доверба во работата на Агенцијата за „Еразмус плус“, што значи дека остануваме убедени дека буџетот определен за „Еразмус Плус“ нема да се намали. Програмата ќе остане придобивка од која корист ќе имаат учениците, студентите, младите и универзитетите, изјави евроамбасадорот Гир.

Реклама

Обвинителство за организиран криминал веќе отворило предистражна постапка. Кривична пријава за европските милиони истурени на проекти во Обвинителството пристигнала уште во 2019-та. Во меѓувреме пристигало и известување од ОЛАФ и уште едно од финансиска полиција. Обвинител за организиран криминал отворил пред истрага, а повеќе детали оттаму не споделуваат.

„По добиено известување од Управата за финансиска полиција и реализирани работни средби со претставници на ОЛАФ, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција активно спроведува предистражна постапка. Со оглед на тајноста на постапката не можат да се споделат повеќе детали“, се вели во нивниот одговор.

ОЛАФ констатирала злоупотреби кај 22 корисници на грантови кои земале 2, 2 милиони евра. Меѓу корисниците на грантови се основни и средни училишта, но и високообразовни установи.