Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Гевгелиска промоција на книгата „Калиграфи на филмското писмо“

Во организација на Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија, на 26 март ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија, на 26 март ќе се промовира последното издание на филмскиот критичар Влатко Галевски, „Калиграфи на филмското писмо“.

Настанот е закажан во 19 часот во хотелот „Аполонија“, а промотор на изданието е проф. д-р Александар Прокопиев.

Изданието на Галевски прикажува иновативен филмолошки концепт во толкувањето на делата на дванаесет мајстори на филмот меѓу кои се Вим Вендерс, Ингмар Бергман, Андреј Тарковски, Дејвид Линч, Акира Куросава, Ларс фон Трир и Аки Каурисмаки.

Реклама

– Структурата на „Калиграфи“ е прилагодена на триетапниот приод на Галевски во разоткривањето на творечките лавиринти кај секој еден од одбраните режисери… Така, се воспоставува едно фино струење во ракописот на Галевски, една движечка низа од изненадувања, што „Калиграфи“ го дарува со ритам што отвора различни димензии – се вели во рецензијата на изданието.

Јавната општинска установа „Гоце Делчев“ ги поканува сите љубители на фимската уметност и на книжевноста да ја проследат промоцијата на ова книжевно дело.