Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Геровски: Македонија има историски најнизок јавен долг

Новинарот Бранко Геровски зборуваше на темата договорот за заем со Велика Британија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новинарот Бранко Геровски зборуваше на темата договорот за заем со Велика Британија истакна дека Македонија има пораст на степенот на користење на капиталните инвестиции, историски најнизок јавен долг како и видливоста на првите директни странски инвестиции кои го заокружуваат процесот на забрзана економија.

-Растот е важен но не и единствен фактор за моќта на една држава. Имаме пораст на степенот на користење на капиталните инвестиции, имаме историски најнизок јавен долг, имаме први директни странски инвестиции, има и некои други показатели кои покажуваат дека сме во еден процес на ефектуирање на амбициите да се забрза економијата, рече Геровски.

Во врска со заемот од Велика Британија, Геровски потенцираше дека дури и најмоќните светски економии се задолжуваат и дека задолженоста не ја намалува моќта на економиите, и истакна дека ставовите за изградба на бегалски кампови од страна на опозицијата се тотално невозможни и неодржливи.

Реклама

-Најмоќните светски економии, најбрзорастечките светски економии се и најзадолжените економии, значи задолженоста не ја намалува моќта на економијата. Прво беше кажано дека тоа ќе биде најповолна каматна стапка што може да се добие неспоредливо со парите што може да се добијат од комерцијални извори, голем дел од парите ќе бидат наменети за инфраструктурни проекти, и она што е поволно е што од отплатата на кредитот ќе почне по завршување на проектот. Невозможна вест е дека со тоа Британците ќе плаќаат изградба на бегалски кампови во Македонија. Опозицијата кај нас, и СДС и медиуми блиски до опозицијата излегоа со многу тврди ставови дека во Македонија ќе се градат бегалски кампови, таа теза таа приказна дури е апсолутно неодржлива, истакна Геровски.