Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Герасимовски – Варнс: Со САД како партнер, чекор поблиску до нови можности и развој на општина Центар

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со вршителката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во нашата држава, Никол Варнс. На средбата се разговараше за активностите и проектите што ги спроведува Општина Центар, како и за можностите за продлабочување на соработката и реализација на заеднички иницијативи и проекти, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

– Имавме одлична средба, со посебен фокус на проектите и плановите за подобрување на услугите за граѓаните и процесот на децентрализација. Поддршката од САД ни значи многу, бидејќи ни помага да ги унапредуваме практиките и да продолжиме да се развиваме како модерна и отворена општина, се наведува во пишаната изјава на Герасимовски.

Градоначалникот нагласува дека Општина Центар континуирано вложува во крупни инфраструктурни проекти, поттикнување на локалниот развој и унапредување на јавните услуги, како и во иницијативи што го подобруваат секојдневието на жителите и ја зголемуваат ефикасноста на општината.

Реклама

– Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, со заедничка определба за понатамошно продлабочување на соработката меѓу Општина Центар и Амбасадата на САД во земјава, се истакнува во соопштението.