Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Герасимовски: Обезбедени 15 милиони денари за поактивен и поквалитетен живот на пензионерите во Центар

Петнаесет милиони денари се обезбедени за поквалитетен и активен живот на пензионерите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петнаесет милиони денари се обезбедени за поквалитетен и активен живот на пензионерите во Центар, информирал градоначалникот на општината, Горан Герасимовски, на средбата со претставници на здружение на пензионери од овој регион.

Од Општина Центар денеска информираат дека тој се осврнал на проектите и програмските активности за унапредување на животот на повозрасните граѓани.

– Во буџетот за тековната година се обезбедени 15 000 000 денари за активности и проекти наменети за нашите жители од трето доба. Целта е да им обезбедиме поздрав и поквалитетн живот, повеќе социјализација и континуирана грижа, истакнал Герасимовски.

Реклама

Во соопштението се појаснува дека во проектите наменети за пензионерите, опфатени се: сервис за стари лица, итно копче – 24/7 медицинска поддршка, бесплатен превоз до здравствени установи, сезонски екскурзии во сите годишни времиња, настанот „Носталгија за корзо – сеќавање на едно убаво време“, пензионерски спортски игри 2026, застапеност на предметот домаќинство во образованиот процес во соработка со пензионерите, како и подршка за пензионерите во социјален ризик.

– На состанокот, претставниците на центарското пензионерско здружение го поздравија ангажманот на Општината и ја потврдија својата вклученост во дел од активностите планирани за годинава, истакнуваат од локалната самоуправа.

Според статистиката, како што се додава во соопштението, околу 20 проценти од населението во општина Центар се на возраст над 60 години, што ја потврдувало потребата од овие мерки, се нагласува, со што се промовира витална и активна старост на повозрасните жители.