Реклама
Македонија

Георгиев: Бугарија е фактор во ЕУ

Бугарија продолжува со провокации и напади. Ден по случувањата во Европскиот парламент,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарија продолжува со провокации и напади. Ден по случувањата во Европскиот парламент, бугарскиот министер за надворешни работи порача дека Бугарија е фактор во ЕУ, а го нарече Мицкоски – северномакедонски премиер.

Шефот на бугарската дипломатија ги обвини македонските власти дека го довеле Европскиот парламент во исклучително непријатна позиција – да бара изговори за бришењето на формулацијата „македонски јазик и идентитет“ од извештајот на Томас Вајц.

„Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, a тоа Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Македонија засега е само кандидат“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани „македонскиот јазик и идентитет“.