Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Генералот Лафчиски во официјална посета на Албанија: Продлабочување на воената соработка и регионалната безбедност

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој престојува во официјална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кој престојува во официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Албанија, во Тирана оствари средби на највисоко воено и државно ниво, на кои се разговараше за понатамошно унапредување на меѓуармиската соработка.

Како што се посочува во соопштението од Канцеларија за воени односи со јавноста на Генералштабот на Армијата, во рамките на посетата генералот Лафчиски оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на која беше разговарано за безбедносната состојба во регионот, сојузничката соработка и заедничките предизвици во современото безбедносно опкружување.

Притоа била истакната и континуирано добрата билатерална соработка помеѓу Армијата и Вооружените сили на Албанија, особено во областа на заедничката обука, вежбите и учеството во регионални и НАТО-активности, што претставува значаен придонес за регионалната и колективната безбедност.

Реклама

По приемот со високи воени почести во Генералштабот на Вооружените сили и Министерството за одбрана на Република Албанија, генералот Лафчиски имал одвоени средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-потполковник Арбен Кинџи, и со министерот за одбрана, Ермал Нуфи.

На средбата помеѓу началниците на генералштабовите беа опфатени повеќе прашања, меѓу кои унапредување на воената соработка преку реализација на заеднички активности, обуки и вежби, учество во меѓународни операции, актуелните безбедносни предизвици, како и можностите за користење на капацитетите со кои располагаат двете армии и меѓусебната соработка при справување со кризи.

Меѓусебната воена соработка и нејзиното унапредување како значаен фактор за регионалната и колективната безбедност биле тема на разговор и на средбата на генералот Лафчиски со министерот за одбрана, Ермал Нуфи.

– За време на разговорите беше истакната важноста на соработката помеѓу двете армии во зацврстување на стабилноста и безбедноста во регионот, како и придонесот во рамките на НАТО. Притоа беше потврдена заедничката заложба за континуирано унапредување на билатералната воена соработка – се наведува во соопштението.

Армиската делегација го посети и Полкот за специјални операции на Вооружените сили на Република Албанија, каде што беше запознаена со мисијата, задачите и способностите на единицата, а беше реализирана и демонстрација на дел од нивните оперативни капацитети.

– Армијата има развиено добра билатерална соработка со Вооружените сили на Република Албанија, која е најизразена на полето на военото образование, обуката и вежбите како на билатерален план така и во рамките на Јадранската повелба, Форумот на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји и SEDM-процесот. Посетата на Вооружените сили на Република Албанија претставува одлична можност за унапредување на соработката помеѓу двете армии – се наведува во соопштението.