Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

„Генералка викенд“ на 8, 9 и 10 мај – десетици илјади волонтери од 80 општини, над 600 организации и над 250 државни институции

На 8, 9 и 10 мај шести пат ќе се одржи најмасовната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 8, 9 и 10 мај шести пат ќе се одржи најмасовната еколошка акција во земјава и регионот „Генералка викенд“, која годинава мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, над 600 организации и повеќе од 250 државни институции и компании.

Акцијата прерасна во национална традиција и најголема логистичка операција за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Во текот на трите дена ќе се реализираат активности на повеќе од 500 локации во целата држава, координирани од општините во соработка со Црвениот крст на Македонија.

Официјалниот настан за отворањето на  „Генералка викенд 2026“ е во 9 часот на 8 мај и ќе го води Град Скопје со чистење на кејот на реката Вардар. Екоакцијата е организирана и поделена во осум тима, на потегот од реката Лепенец до мостот „Киро Глигоров“ ќе бидат распоредени на северната и јужната страна на реката Вардар. Во соработка со „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ ќе бидат мобилизирани стотици волонтери од приватни компании, институции и училишта за да ја исчистат најголемата зелена и рекреативна зона во главниот град.

Реклама

Помеѓу многуте активности, се спроведуваат и посебни акции, како што се: чистење на дивите сметилишта во Националниот парк Шар Планина, предводени од 20 припадници на Вооружените сили, чувари на Националниот парк, експертски тим на австриската компанија за управување со отпад „Саубермахер“ и локалното население, како и екоакција во Охрид (Конгресен центар) за заштита на крајбрежјето, во соработка со студенти и професори од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Општина Охрид, клубовите „Сороптимист мома“ Охрид и „Сороптимист вадуц“ како дел од најстарата и најголема светска женска организација „Сороптимист интернешнл“ и со поддршка на „Саубермахер“.

Покрај сите активности за чистење на терен, преку соработката меѓу Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ екообразовната програма „Екочас“ се спроведува во училиштата во целата земја и во соработка со „Генералка викенд“.

Екоакцијата е волонтерска иницијатива, каде што учесниците се одговорни за сопствената безбедност и стана најголемата еколошка акција досега во нашата земја.

Успехот е резултат на долгогодишно партнерство помеѓу „Генералка викенд“ и официјалните партнери: Пивара Скопје, Пакомак, Нула отпад, Макстил, ЕВН, ИУТЕ, Саубермахер, КАЗ груп и Шпаркасе банка. Нивниот придонес и заедничките заложби за почиста татковина и правилно управување со отпадот ја движат екоакцијата напред. Организации, како ЗЕЛС, Црвениот крст, со институционална поддршка од многу министерства, УНИЦЕФ, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ и вооружените сили, стотици невладини организации и општините ја пренесуваат пораката гласно и јасно: „Подготвени сме да го рециклираме отпадот од минатото за зелена иднина! Максимата на иницијативата останува иста ‘Да се извалкаме и да исчистиме’“!