Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Гази Баба доделува 1 милион денари за помош на семејствата на настраданите во Кочани

Почитувани, Денес 18.03.2025 година (вторник) по барање на градоначалникот се оддржа итна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани,

Денес 18.03.2025 година (вторник) по барање на градоначалникот се оддржа итна седница на Советот на општина Гази Баба на која се донесе Одлука за доделување на 1.000.000 денари на сметката на солидарниот фонд на Црвениот крст на Македонија за помош и поддршка на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.

На седницата се обрати градоначалникот Бобан Стефковски кој уште еднаш го изрази своето сочувство до семејствата на 59те загинати граѓани во несреќата која пред два дена се случи во Кочани.

Реклама

Нема зборови кои можат да покријат болката кои сите ние ја чувствуваме. Она што можеме во овие тажни мигови за Македонија да го направиме е достоинствено да тагуваме, да бидеме солидарни и да се молиме. Ова е трагедија каква Македонија досега не памети. Нема граѓанин кој не чувствува болка и не бара одговорност. И јас, како градоначалник, човек, родител чувствувам болка, тага, но силно од мене произлегува и барањето за одговорност со точно име и презиме. – истакна градоначалникот Стефковски.

Тој потсети дека не е далеку 2016 година кога токму општина Гази Баба се соочи со несреќа во која 22 граѓани ги загубија своите животи, а беше нанесена и голема материјална штета. Кога на општина Гази Баба и беше потребно, Македонија и светот и помогна.

Седницата на Советот започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите во трагичната несреќа.