Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Газдата на „Пуцко Петрол“ Асмир Јахоски нуди 2 милиони евра за да излезе од притвор

Газдата на „Пуцко Петрол“ ќе го одврзе ќесето за да излезе од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Газдата на „Пуцко Петрол“ ќе го одврзе ќесето за да излезе од Шутка. Синот на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски, Асмир Јахоски, нуди 2 милиони евра гаранција за да излезе од зад решетки. Тој е во притвор во Шутка од 14-ти март како осомничен за набавка на штетно гориво за ТЕЦ Неготино со кое го загадувале водухот и притоа испумпале над 160 милиони евра.

Тој кауцијата што ја понудил во возила и станови, ја доставил до скопскиот Кривичен суд, а од таму е препратена и до обвинителството за мислење.

  • „Пристигнато е барање за  замена на мерката притвор за поблага мерка, со понудена гаранција во движен и недвижен имот. Барањето е испратено на мислење во надлежното јавно обвинителство, по што ќе одлучува кривичниот совет, за што јавноста ќе биде благовремено известена“, велат од Кривичниот суд.

Кога мислењето на обвинителката Катерина Коларевиќ ќе стигне до Кривичен, совет од тројца судии ќе одлучуваат дали вредат двата милиони евра, Јахоски да излезе од зад решетки.

Реклама

Околу притворот на Јахоски, надлежните и претходно се испреплеткаа за тоа кој барал, а кој одлучил газдата на „Пуцко Петрол“  наместо зад решетки да оди во куќен притвор.

Обвинителството се жалеше на таквата одлука, откако претходно се согласиле со судијката за куќниот притвор бидејќи Јахоски бил татко на 4 деца, имал фирма со многу вработени и цврсти врски со државата.

По три дена институционални објаснувања, се одлучи Јахоски сепак да замине во Шутка.

Газдата на Пуцко Петрол заедно со уште 13 луѓе меѓу кои екс директорот на ЕСМ Васко Ковачевски и бизнисменот Ратко Капушевски се сомничат дека испумпале нешто над 160 милиони евра државни пари, а притоа набавувале штетно гориво со кое го загадувале воздухот.