Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Економија

Гасоводот кон Грција е отпочнат да се гради

„Гасоводот кон Грција е отпочнат да се гради“, вели претседателот на Владата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Гасоводот кон Грција е отпочнат да се гради“, вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека затекнале проект којшто 7 години не бил поместен од место.

-Како Влада затекнавме еден проект којшто седум години не беше поместен од место и кога беше извршена некаква евалуација тогаш заемодавателите одлучија да го прекинат поради тоа што претходната влада на СДСМ и ДУИ креирала спецификација таква каква што не одговара на критериумите коишто ги даваат заемодавателите. На брза трака го ставивме тој проект, го корегиравме со новото раководство на „Нома гас“, тендерската документација се доврши, се потпиша договор со фирма изведувач и во моментот траат градежните активности. Се надевам многу скоро од денес сите заедно ќе појдеме на лице место и да се радуваме на уште еден проект којшто е многу значаен за сите нас. Бидејќи прво е двосмерен, не е едносмерен како цевководот којшто доаѓа од Бугарија, во Жидилово – Крива Паланка, овој е двосмерен. И доколку, а се надевам многу скоро ќе отпочне градбата на северниот интерконектор со Србија, тогаш како држава сме на мапата на транзит на гас и многу значајна за транзит на гас од југот, односно од терминалот Александрополи или пак од другите земји извонзички на гас, Азербеџан, Катар итн. кон централна Европа. И ние како држава добиваме на исклучително гео-стратешко значење. Тоа е една од моите лични цели коишто во овој мандат, во овие четири години очекувам да ја завршиме, дециден е Мицкоски.