Реклама

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

Македонија

Гаши – Солстром: Продолжува шведската поддршка за интеграција на Македонија во ЕУ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се сретна со новоназначениот амбасадор на Кралството Шведска Ола Солстром.

Осврнувајќи се на, како што рече, одличните билатерални односи меѓу двете земји, Солстром истакна дека во текот на неговиот мандат ќе се фокусира на политичките односи, односно на продолжување на поддршката за интеграција на Македонија во ЕУ, на соработката во НАТО, како и на унапредување на економската соработка.

Шведскиот амбасадор се осврна и на билатералната парламентарна соработка, оценувајќи ја како многу динамична и плодна.

Реклама

Гаши му го честита на Солстром назначувањето на амбасадорската функција и му посака успех на новата должност, изразувајќи надеж дека и во иднина ќе продолжи многу успешната и динамична соработка со Шведската амбасада. Тој ја искористи можноста да изрази благодарност до Кралството Шведска за континуираната поддршка за демократскиот и економскиот развој на нашата држава преку бројни развојни проекти, не само на политичко, дипломатско и институционално ниво, туку и финансиски, преку програмата за реформи за поддршка на евроинтегративниот пат на Македонија со околу 10 милиони евра годишно, што ја прави Шведска, истакна, најголем индивидуален донор меѓу земјите членки на Унијата.

Двајцата соговорници се согласија дека бројната македонска дијаспора која живее во Шведска придонесува во голема мера за приближување на двете земји и за продлабочување на заемните односи.

Гаши потсети дека во сите досегашни состави на Собранието се формира Пратеничката група за соработка со Шведскиот парламент, со што во континуитет се покажува подготвеноста и желбата за интензивирање на меѓупарламентарната соработка и го поздрави и формирањето на ваква Група за соработка и во Шведскиот Парламент, како продолжување на блиската билатерална соработка.