Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Гаши се сретна со претседателот на Сенатот на Белгија, Блондел и со првиот потпретседател на Врховната рада на Украина, Корнијенко

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во рамки на 152. Собрание на Интерпарламентарната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во рамки на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ) во Истанбул, се сретна со претседателот на Сенатот на Кралството Белгија, Винсент Блондел, и со првиот потпретседател на Врховната рада на Украина, Олександр Корнијенко, соопшти собраниската прес-служба.

На средбата со Блондел, беше потврдена добрата и стабилна соработка меѓу двете земји, како и заедничката определба за нејзино понатамошно унапредување. Претседателот Гаши ја нагласи важноста на поддршката од Белгија за европската перспектива на Македонија, потенцирајќи дека проширувањето на Европската Унија претставува клучен фактор за стабилноста и безбедноста на континентот. Соговорниците ја истакнаа улогата на парламентарната дипломатија и се согласија за продлабочување на соработката преку размена на искуства и добри практики.

На средбата со Корнијенко, претседателот Гаши ја повтори цврстата поддршка на Македонија за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Истакната беше одличната билатерална соработка и интензивниот парламентарен дијалог, како и значењето на понатамошно зајакнување на односите преку парламентарните групи за соработка. Претседателот Гаши ја изрази подготвеноста на Македонија да продолжи да придонесува во меѓународните напори за постигнување траен мир и во процесот на обнова на Украина.

Реклама

Соговорниците заеднички оценија дека постои значителен потенцијал за натамошно продлабочување на билатералната и мултилатералната соработка, особено во рамки на Интерпарламентарната унија.

Активностите на 152. Собрание на ИПУ, продолжуваат со седници на сите статутарни тела на Унијата, вклучувајќи ги Управниот совет, четирите постојани комисии, Форумот на жени пратенички, Форумот на млади пратеници, Комитетот за човекови права на пратениците.

Се очекува на 152. Собрание на ИПУ да биде усвоена новата Стратегија на ИПУ за периодот 2027–2032 година, како и да биде избран нов генерален секретар на организацијата, кој ќе го замени досегашниот генерален секретар Мартин Чунгонг, стои во соопштението.