Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Гаши: Папа Франциск е симбол на мир, социјална правда и меѓурелигиски дијалог

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во сочувството по повод смртта на папата…

Сподели:

Претседателот на Собранието, Африм Гаши во сочувството по повод смртта на папата Франциск посочува дека смртта на папата е длабока загуба за целото човештво.

„Како духовен лидер на нашето време, тој ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог, станувајќи симбол на посветеноста кон заедничкото добро. Со својата едноставност, со безусловната љубов кон човекот и природата, Папа Франциск допре до срцата на милиони луѓе низ целиот свет, надминувајќи верски, национални или идеолошки граници,“ истакнува Гаши.

Додава дека неговото наследство ќе остане водич за идните генерации за изградба на посправеден, помирен и поединствен свет.

Реклама

„Во мое лично име и во име на Собранието на Република Македонија, изразувам најискрени сочувства за оваа незаменлива загуба за католичкиот свет и за целото човештво. Нека биде вечен споменот за него!,“ се вели во сочувството на Гаши за Папа Франциско.