Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Гаши: Отворањето на Уставот е сензитивно и не смее да биде ад-хок, одлуката е кај партиите

Собранискиот спикер Африм Гаши е против ад-хок отварања на Уставот. Највисокиот правен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранискиот спикер Африм Гаши е против ад-хок отварања на Уставот. Највисокиот правен акт не треба да се менува парцијално, туку за тоа е потребна поширока и подлабока дебата, оценува претседателот на законодавниот дом. Прашањето за воведување уставна жалба и евентуални измени на Уставот е чисто политичко прашање за кое е потребен консензус од 2/3 од пратениците, вели Гаши.

  • Ова е сензитивно прашање. Штом ќе се отвори Уставот, секој сака да ја постигне својата политичка цел. Тоа може да доведе до правење поголем проблем отколку корист. Не мислам дека Уставот треба да се отвора ад хок. Ако сакаме подлабока реформа, не треба да се отвора парцијално, туку преку поширока политичка и општествена дебата. Знаете дека во Собранието треба двотретинско мнозинство од пратениците за да се договорат да го отворат Уставот. Сега не би коментирал, би оставил политичките партии да донесат одлука за тоа кога е потребно да се направи и за кои прашања“ – истакна Гаши.

За Гаши дебата за Бандер во Уставниот суд, треба да се гледа од политички и професионалниот аспект, но единствено во насока на подобрување на квалитетот. Од друга страна, за спикерот, законодавниот дом е максимално посветено на реформската агенда а брзината на процесот зависи од министерствата и комуникацијата со Европската комисија.

  • Собранието работи експресно на реформската агенда. Процесот е посложен бидејќи министерствата ги изготвуваат законите, ги праќаат во ЕК на сугестии, па ги внесуваат забелешките пред да стигнат кај нас. Штом ќе се достават во Собранието, ние ги решаваме многу ефикасно. Моментно во Собранието имаме два закона – едниот за јавни обвинители, другиот за Советот на јавните обвинители. Очекуваме од Владата набргу да дојдат повеќе закони бидејќи знам дека таму се работи интензивно и има зголемен фокус во однос на ова прашање. Очекуваме дека во текот на годинава ќе имаме поголема ефикасност во однос на носење на законите од реформската агенда“ – рече Гаши.

Гаши е оптимист дека долгогодишниот проблем со паркирањето околу Собранието ќе биде решен до крајот на 2026 година. Очекувањата се во мај да почнат работите на терен, а до крајот на годината да биде веќе во функција.

Реклама

Засега нема никакви најави ниту за партиски рокади во Парламентот.