Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Гаши од Вашингтон: Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, денеска се обрати на Форумот за безбедност посветен на темата „Инвестирање од 5 проценти во одбраната и посветеноста кон партнерството со САД“. На настанот учествуваа светски лидери и членови на Конгресот на САД, со фокус на глобалната безбедност и зајакнување на трансатлантската соработка, соопшти собраниската прес служба.

Во своето излагање, Гаши истакнал дека нашата земја останува целосно посветена на НАТО, со убедување дека безбедноста денес е заедничка обврска.

-Македонија придонесува со дисциплина, стои покрај своите сојузници и ги исполнува преземените обврски. Партнерството го докажуваме преку дела, порачал Гаши, додавајќи дека за земјите од Балканот, стабилните институции, инвестициите во одбраната и интероперабилноста се клучни за колективната безбедност.

Реклама

Гаши потенцирал дека Македонија е лојален сојузник на НАТО и стабилен партнер на Соединетите Американски Држави, повикувајќи се на пораките за единство на поранешните американски претседатели Џон Ф. Кенеди и Џорџ В. Буш.