Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Гаши: Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до македонските граѓани по повод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до македонските граѓани по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик во која порачува дека македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава.

-Почитувани сограѓани Македонци, во име на Собранието на Македонија и во мое лично име, ви ги упатувам моите најискрени честитки по повод Денот на македонскиот јазик. Македонскиот јазик претставува еден од столбовите врз кои се гради нашата заедничка држава. Покрај тоа што овозможува комуникација, македонскиот јазик е и средство за институционално функционирање и службена комуникација во нашата земја, се вели во честитката од Гаши.

Како посебен јазик во групата на јужнословенските јазици, се додава, македонскиот јазик успеа да биде развиен јазик на книжевноста, образованието, науката и културата. Покрај тоа, како дел од Балканскиот јазичен сојуз, македонскиот јазик, заедно со албанскиот и другите јазици, создадоа уникатни особености што придонесоа за оформување и на нова лингвистичка дисциплина, каква што е балканистиката.

Реклама

-Во едно мултиетничко општество како нашето, почитувањето на јазиците и културите на сите заедници е темел на кохезијата и соживотот. Промоцијата на македонскиот јазик оди паралелно со нашата посветеност да ги гарантираме јазичните права на секој граѓанин, градејќи мостови на разбирање и меѓусебна почит, вели Гаши во честитката.

Нагласува дека Собранието останува посветено на унапредување на институционалните стандарди и спроведување практики што гарантираат јасна, ефикасна и одговорна комуникација.

-Да продолжиме заедно да работиме на зачувување, збогатување и промовирање на македонскиот јазик, како и на зајакнување на единството и хармонијата во нашата земја, потеницира претседателот на Собранието Африм Гаши во честитката по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик.