Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Гаши ќе презентира Извештај по повод една година од мандатот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе презентира Извештај по повод една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе презентира Извештај по повод една година од мандатот. На денешен ден лани беше конституиран и новиот собраниски состав – 11. по ред од почетоците на плурализмот во земјава.

За изборот на Гаши за претседател на законодавниот дом гласаа 76 пратеници, а шестминаа беа „против“.

По изборот и давањето на свечената изјава, Гаши се обрати од собраниската говорница, прво заблагодарувајќи им се на граѓаните за довербата на парламентарните избори, а потоа и на пратениците за поддршката да го води законодавниот дом.

Реклама

Во својата прва изјава како претседател, Гаши рече дека е свесен за одговорноста што ја презема, нагласувајќи дека во текот на неговото претседавање со законодавниот дом на секој пратеник ќе му биде гарантирано правото на изнесување на своите политички ставови и гледишта.

По повеќе од три децении демократија, рече Гаши, Собранието е вистинското место каде што треба на дело да покажеме дека ги почитуваме различните мислења.

Гаши ја презема функцијата од неговиот претходник Јован Митрески. Во изјавата по примопредавањето на функцијата, Митрески честитајќи му на Гаши за изборот, истакна дека Собранието е најважната институција во една држава и дека поради тоа е многу важно да продолжи да јакне независноста на законодавната власт во земјава.

Во собранискиот состав има пратеници од шест политички субјекти што учествуваа самостојно или во коалиција на парламентарните избори, со свои листи во шестте изборни единици. Коалиција „ТВОЈА МАКЕДОНИЈА“ – ВМРО- ДПМНЕ има 58 мандати во Собранието, а коалициите „ЗА ЕВРОПСКА ИДНИНА“ – СДСМ и „ЕВРОПСКИ ФРОНТ’’ имаат по 18 пратенички места. Коалицијата „ВЛЕН“ освои 14 мандати, а партиите Левица и ЗНАМ по шест мандати.