Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Г.г Стефан: Иако живееме во време на многу книги нема покорисна книга од онаа во која е содржано словото Божјо

Со свечена литургија во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип и литија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечена литургија во соборниот храм „Свети Никола“ во Штип и литија, денеска е одбележан празникот на патронот на градот. Со литургијата чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, како и митрополити на епархии и свештеници од Брегалничката епархија. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан се обрати и пред верниците говорејќи за патронот и заштитникот на градот Штип, Свети Николај.

– Свети Николај патронот и заштитникот на Штип е светител за кого е речено дека целиот свој живот се придржувал на сите христијански добродетели: верата, надежта и љубовта, а денес можеби како никогаш досега потребни ни се светителите, божјите угодници. Иако живееме во време на многу книги нема покорисна книга од онаа во којашто е содржано словото Божјо. Имаме многу градби, но најпотребни ни се оние во кои се вселил светиот дух, има и многу луѓе кои говорат, но најпотребен ни е сведок на живиот Бог. Потребен ни е Богоугодник, порача г.г Стефан.

Архиепископот Охридски и Македонски истакна и дека Свети Николај во годините наназад го штител народот и се молел за сите.

Реклама

– Молитвите остануваа исти, да се грижи за градот Штип, за граѓаните, за Брегалничката епархија, истакна г.г. Стефан.

По богослужбата верниците се упатија кон шеталиштето „Ванчо Прќе“ каде што се кршеше славскиот колач.

Мир, развој на градот и бериќет посака градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, по повод денешниот празник.

– Денеска имавме една утринска литургија, потоа литија. Посакувам мир, бериќет, напредок, развој во нашиот град, Штипјани масовно го слават Свети Никола, на нив им посакувам добро здравје и за многу години, рече Јорданов.

Со исти желби се и граѓаните, кои велат традицијата се негува, се слави ликот и делот на заштитникот на градот.

Настаните за одбележување на празникот Свети Никола во Штип започнаа од вчеравечер, кога се одржа свечена седница, а се доделија и орденот и признанијата „Свети Никол“.