Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

ФЗОМ тврди дека нема здравствено неосигурани лица, без разлика дали остваруваат приходи

Македонскиот Фонд за здравство покрива 1.836.667 осигуреници, од кои дури 25% се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонскиот Фонд за здравство покрива 1.836.667 осигуреници, од кои дури 25% се лица без приходи. Ваквите бројки кои се таложат со години, стануваат огромен товар за државата. На корисничката листа има дури и починати луѓе, невработени, граѓани кои живеат со години во странство и се корисници на тамошно осигурување. Список се прочистува, а паралелно се олеснува пристапот до користење на бесплатно здравство за сите граѓани. Фондот воведува реформа со која само едно барање, без разлика дали коринсникот е невработен, има одредени приходи или работи со договор на дело сепак ќе има право на осигурување за лекување.

“Во основа оваа категорија, овозможува за лицата кои минатата година имале под 293.000 денари приходи, кои во последните два месеца имале помалку од 48.000 денари да добијат бесплатно здравствено осигурување, а за лицата кои имале повисоки приходи од овие плаќаат придонес на основица 50 отсто од просечна плата, а тоа е 2.593 денари месечно, да се здобијат со здравствено осигурување. Точно е дека немаме категории кои не се опфатени, но има проблеми со здравствено осигурување во поедини случаи, но ние работиме на тоа” – вели Клековски.

Работна група на Фондот, Министерството за финансии, Министерството за здравство и УЈП, работи на критериумите за лицата кои не остваруваат приходи, каде фокусот е на две групи – осигурениците што непосредно останале без работа и осигурениците кои имаат непријавени приходи  односно сива економија и работа во странство.

Реклама

Во меѓувреме институциите ги анализираат потребите и можностите за независно
здравствено осигурување на малолетни лица до 18 години.

Не само прочистување на списокот на корисници на здравствено осигурување, Фондот продолжува да ги чешла и јавните здравствени установи. Директорите на клиники и болници кои незаконски си ги зголемиле платите, кои беа откриени во досегашните проверки ги вратиле парите.