Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

ФЗОМ ги намалува цените на ХПВ-тестирањето и ликвид ПАП-цитологијата, повеќе жени ќе добијат пристап до скрининг за рак на грлото на матката

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) донесе одлука за значајно намалување на референтните цени на две клучни дијагностички услуги во рамките на програмата за рано откривање рак на грлото на матката – ХПВ-генотипизацијата и ликвид ПАП-цитологијата. Мерката е веќе во сила и директно придонесува кон зголемување на бројот на достапни тестирања и подобрување на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) донесе одлука за значајно намалување на референтните цени на две клучни дијагностички услуги во рамките на програмата за рано откривање рак на грлото на матката – ХПВ-генотипизацијата и ликвид ПАП-цитологијата. Мерката е веќе во сила и директно придонесува кон зголемување на бројот на достапни тестирања и подобрување на пристапот на жените до превентивна здравствена заштита.

Според новите цени, референтната вредност на ХПВ-генотипизацијата се намалува од 5.500 на 3.310 денари, односно за 39,8 отсто. Истовремено, партиципацијата за пациентките се намалува од 550 на 350 денари.

Кај ликвид ПАП-цитологијата цената се намалува од 2.200 на 1.250 денари, односно за 43,2 проценти, а партиципацијата се намалува од 250 на 150 денари. Конвенционалниот ПАП-тест останува на постојната цена од 600 денари, без промена.

Реклама

Од ФЗОМ посочуваат дека ревизијата на цените е направена врз основа на реалните фактурирани услуги во 2025 година.

– Анализата покажува дека со задржување на истото ниво на финансирање бројот на достапни тестирања значително се зголемува, и тоа ХПВ-тестирање од 13.466 теста на 22.375 тестови годишно – зголемување од 8.909 теста (+66,2 %) и ликвид ПАП-цитологија: од 2.427 теста на 4.271 тест годишно – зголемување од 1.844 теста (+76,0 %) – велат од ФЗОМ.

Ова значи дека за ист финансиски влог значително поголем број жени ќе може да бидат опфатени со скрининг, вклучително и жени што досега поради финансиски причини не пристапувале кон овие превентивни прегледи.

Од ФЗОМ посочуваат дека ракот на грлото на матката е еден од малигните заболувања што може успешно да се превенираат и лекуваат доколку се откријат навреме. Кога болеста се дијагностицира во рана фаза, стапката на успешно лекување и преживување е значително повисока.

ХПВ-тестирањето и цитолошкиот скрининг, како што велат од Фондот, претставуваат клучни алатки за навремено откривање преканцерозни промени и рак во ран стадиум овозможувајќи навремена интервенција и подобри здравствени исходи.

Генералниот директор на ФЗОМ, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција истакна дека мерката е насочена кон поефикасно користење на средствата и подобрување на достапноста на здравствените услуги.

– Со оваа мерка не само што ги намалуваме трошоците за осигурениците, туку создаваме услови значително поголем број жени да бидат опфатени со современи превентивни тестирања. Нашата цел е средствата што ги обезбедува Фондот да се користат поефикасно, а здравствените услуги да бидат подостапни за граѓаните. Раното откривање на болестите спасува животи и затоа вложувањето во превенција останува еден од нашите приоритети – истакна Клековски.

Тој информира и за измените во шифарникот на лекови, кои се однесуваат на лековите што содржат активна супстанција топирамат, наменета за третман на епилепсија и други невролошки состојби.

По барање на носителите на одобрение за ставање во промет, од шифарникот на лекови со важност од 1 мај 2026 година се избришани лековите EPIRAMAT (производител PLIVA) и TIRAMAT (производител BELUPO).

– Со цел да се обезбеди непречена достапност на терапијата за осигурениците, во новиот шифарник, што е во подготовка, ќе биде вклучен лекот TIRAMAT (25 mg, 50 mg и 100 mg), производител FARMAVITA, обезбеден преку интервентен увоз. Со ова се обезбедува континуитет во лекувањето и непречен пристап до терапијата за пациентите што го користат овој лек – велат од ФЗОМ.