Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ФЗОМ: Два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа

Генералните директори на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералните директори на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, денеска на прес-конференција информираа за три новини во работата на Фондот – два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа, проширен рокот во кој осигурени лица можат да остварат рехабилитација, како и поголем опфат и современа поддршка за ортопедски и други помагала. Тие рекоа дека станува збор за значајни новини, што директно го подобруваат пристапот и квалитетот на здравствените услуги за осигурените лица.

Двајцата директори истакнаа дека Фондот за здравствено осигурување со новите мерки во интерес на осигурениците, работи на подобрувања во пристапот до лекови, рехабилитација и ортопедски помагала. Притоа појаснија дека како прво, има два онколошки лекови префрлени од болничка во примарна позитивна листа.

– На позитивна А листа се вклучуваат два лека ароматаза инхибитори (letrozole, anastrazole). Овие два лека се употребуваат во третман на рак на дојка и ги употребуваат околу 2.500 лица. Двата лека досега се издаваа во Клиниката за онкологија и радиотерапија, отсега тоа ќе биде во аптеките, со рецепт. Промената е на барање и на пациентите и на Клиниката, за да се намали товарот на пациентите и на клиниката. Пациентите досега мораа да дојдат во клиниката во Скопје да го подигнат и само процесот во клиниката одзема 2-3 часа. Од друга страна во клиниката тоа генерира пример во 2023 година 11.437 прегледи и тесни грла на најмалку 5 точки. Шалтер за проверка на упат и осигурување, амбуланта за препис на терапија, шалтер за креирање на документација за ФЗОМ, шалтер за издавање на терапија (дневна болница за таблетарна терапија), клиничка болничка аптека за подигање и евиденција на лекот, рече Клековски на прес-конференцијата.

Реклама

Како што посочи, со мерката директно се придонесува кон подобрување на пристапноста и олеснување на третманот за онколошките пациенти, особено за жените со рак на дојка и истовремено се растоварува Клиниката за онкологија и радиотерапија од непотребна администрација.

– Како второ, измени на Правилникот за медицинска рехабилитација – поддршка за хронично болни осигуреници. Со измената на член 12 од Правилникот за специјализирана медицинска рехабилитација како продолжено болничко лекување, се проширува рокот во кој осигурените лица можат да ја остварат рехабилитацијата. Имено, на предлог на Националното здружение за поддршка на лица со мултипла склероза, како и здравствени установи и пациенти, осигурениците кои имаат право на рехабилитација врз основа на контролен преглед и специјалистички извештај, ќе можат да ја искористат рехабилитацијата во рок од 6 месеци од денот на издавање на решението, наместо досегашните 2 месеци, истакна Клековски.

Притоа нагласи дека оваа промена е без финансиски импликации по буџетот на Фондот, но е од особена важност за лица со хронични заболувања и бавен, прогресивен тек на болеста. Таа овозможува поголема флексибилност во времето на користење на услугата, според индивидуалните медицински потреби и состојбата на пациентите.

– Станува збор за осигурени лица со следни дијагнози, мултипла склероза, церебрална парализа, плегии и парези, ревматоиден артрит, онколошки заболувања кај деца, хемофилија и други болести на крвта. Со оваа измена се демонстрира поголема грижа и чувствителност кон ранливите категории на пациенти, подвлече Клековски.

Притоа појасни дека со измени на правилникот за ортопедски и други помагала, се работи на поголем опфат и современа поддршка.

Третата важна новина,додаде, се однесува на усвоените измени и дополнувања на правилникот за индикации за ортопедски и други помагала, кои биле резултат на директна комуникација со здруженија на пациенти и професионални здруженија. Измените имале за цел да обезбедат поширок пристап до неопходни помагала за осигурените лица, како и воведување на нови, посовремени средства што придонесуваат за подобрување на нивниот квалитет на живот.

– Конкретно, со измените се предвидува, вклучување на дијагнозата Б91 – секвели од полиомиелит во индикациите за добивање инвалидска количка, проширување на правото за дијагнози G11, G12 и Q05 (атаксија, спинална мускулна атрофија, спина бифида) за добивање специјализирана инвалидска количка, вклучување на лица со дијагноза G12 за право на антидекубитално перниче, воведување на ново ортопедско помагало – хидрауличен зглоб за колк (шифра 1317), за лицата со хемипелвектомија, достапен за сите возрасни категории, појасни Клековски.

Со овие измени, како што кажа, Фондот испраќал јасна порака дека останува отворен за соработка со здруженијата на пациенти и дека континуирано работи на унапредување на правата и условите за здравствено осигурување, во интерес на секој поединец.

– Фондот за здравствено осигурување останува посветен на постојано унапредување на услугите за осигурените лица, водејќи се од принципите на достапност, правичност и квалитет во здравствената заштита, порача Клековски на прес-конференцијата.