Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

ФЗО: Лицата со попреченост ќе го остваруваат правото на ослободување од партиципација преку системот „Мое осигурување“

Фондот за здравствено осигурување соопшти дека во координација со Министерството за социјална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондот за здравствено осигурување соопшти дека во координација со Министерството за социјална политика, демографија и млад воспоставено е преодно решение за евидентирање на правото на ослободување од плаќање партиципација за лицата со попреченост со цел да се обезбеди непречено остварување на нивните права од здравственото осигурување.

Во согласност со воспоставениот систем, како што посочуваат од Фондот, податоците за лицата со попреченост, кои се ослободени од плаќање партиципација, треба електронски да се доставуваат од системот на Министерството за социјална политика, демографија и млади и автоматски да се евидентираат во електронскиот систем на Фондот.

Меѓутоа, поради моментната техничка неможност овие податоци електронски да се доставуваат од системот на Министерството до системот на Фондот, иако системот на Фондот е целосно подготвен за нивно преземање, во меѓуинституционална координација воспоставено е преодно административно решение со цел правата на лицата со попреченост да не бидат доведени во прашање. Во таа насока, лицата со попреченост ќе добиваат решение за ослободување од плаќање партиципација, издадено од Министерството за социјална политика, демографија и млади, односно од надлежните центри за социјална работа, во кое е наведен основот на ослободувањето, информираат од Фондот.

Реклама

Решението издадено од надлежните центри за социјална работа осигурениците го доставуваат до подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување според местото на живеење, односно во една од подрачните служби на Фондот, по што овластените службени лица веднаш го евидентираат податокот во електронскиот систем на Фондот. 

Со внесувањето на податокот ослободувањето од плаќање партиципација автоматски станува видливо во електронскиот систем „Мое осигурување“ до кој имаат пристап сите јавни и приватни здравствени установи и аптеки. Евиденцијата во системот „Мое осигурување“ претставува официјална основа за постапување на здравствените установи и аптеките, кои имаат целосен увид во системот и се должни да постапуваат во согласност со електронската евиденција.

Ова преодно решение ќе биде во функција сe додека Министерството за социјална политика, демографија и млади не биде во можност податоците за лицата со попреченост да ги доставува по електронски пат до системот на Фондот, со што тие автоматски ќе се евидентираат во системот „Мое осигурување“, наведуваат од Фондот за здравствено осигурување и додаваат дека остануваат посветени на унапредување на пристапот до здравствена заштита и на обезбедување непречено и достоинствено остварување на правата на сите осигурени лица.