Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија, што вчера во Ѓуешево го сторија заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и бугарскиот вицепремиер и и министер за транспорт и врски, Гроздан Караџов, во присуство на претставници на Европската комисија, НАТО, и на банките кредитори на проектот за железничко поврзување на двете држави. 

Портпаролот на француското министерство за Европа и надворешни работи Паскал Конфавре во изјавата, која ја даде вчера, а денеска ја пренесува Француската Амбасада во Скопје, нагласува дека овој потпис сведочи за посветеноста на двете држави во прилог на регионалната интеграција и безбедноста на Балканот.

-Франција го поздравува денешното потпишување на договорот меѓу Бугарија и Македонија, кој се однесува на изградбата на прекуграничен железнички тунел. Оваа стратешка инфраструктура е дел од проектот за развој на трансевропскиот Коридор 8, кој ги поврзува Јадранското и Црното Море. Овој потпис сведочи за посветеноста на Бугарија и Македонија во прилог на регионалната интеграција и безбедноста на Балканот, нагласи Конфавре.

Реклама

Тој дополни и дека овој договор сведочи и за способноста на, како што рече, „нашите два сојузника да го пронајдат патот на доверлив и плоден дијалог, што Франција целосно го поддржува, особено во перспектива на пристапувањето на Македонија и на Западен Балкан во Европската Унија“.

Македонија и Бугарија се обврзаа на активности за изградбата на железничкиот тунел на Коридорот 8 со вчерашното потпишување на Договорот

Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри, 1.189,30 метри на македонска територија, а 1.193,70 метри на бугарска. 

Николоски и Грозданов вчера го истакнаа значењето на поврзувањето, а претставниците на Европската комисија изразија задоволство што двете страни го исполнуваат договореното од состанокот во јули во Брисел за откочување на проектот, но порачаа дека очекуваат навремена реализација. 

Вицепремиерот Николоски вети посветеност и напорна работа за железничкото поврзување од македонска страна, кое рече дека ќе чини 810 милиони евра. Од трите планирани делници, првата е готова, втората е во изградба, а за третата  најави дека следниот месец ќе се распише тендер за изведувач. 

Потпишувањето на Договорот го позадрави и ЕУ.  Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта на мрежата Икс напиша оти изградбата на железницата е поттик во регионалниот развој и зајакнување на регионалната безбедност. 

– Го поздравувам потпишувањето на договорот за прекуграничниот тунел на Коридорот 8 меѓу Бугарија и Македонија – голем чекор напред во соработката меѓу двете земји и промоција на добрососедските односи. Освен што развива билатерални врски, новата железница ќе го поттикне регионалниот просперитет и ќе ја зајакне нашата заедничка безбедност, стои во објавата на претседателот на Европскиот Совет.