Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Прилози

Формалното спојување на Вреди во нова партија влегува во деликатна фаза

Новата партија која ќе прозизлезе од обединувањето на Вреди не треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата партија која ќе прозизлезе од обединувањето на Вреди не треба да се гради со калкулатор, односно кој што и колку фунцкии ќе добие, туку врз строго утврдени правила како би функционирала и како би се поставила на политичка сцена. За Алтернатива на Беким Села, еден од партнерите кои треба да се претопи во новата партија, во позадина е една пошироката амбиција – редефинирање на албанскиот политички блок. Затоа инсистираат на прво да се постават правила, па потоа да се елат функции.

„Во Алтернатива повеќе се разговара околу принципите. Значи, какви концепти ќе ги браниме, за што ќе се залага Влен, не кој ќе биде претседател. За нас тоа е помалку битно. За нас е побитно за што ќе се залага Влен, за кои вредности ќе се залага, каква идеологија ќе има, каква програма ќе има и како ќе функционира.“– вели Африм Гаши, претседателот на собранието.

Спојувањето на Алтернатива, Беса, дел од Алијансата и Демократско движење во една нова партија влегува во најчуствителната фаза. Спикерот Гаши вели дека станува збор за четири политички организации со различна политичка историја, а равноправноста и консензуалното одлучување кои биле двата столба што досега ја држеле коалицијата функционална мора да бидат темелот и на новата партија.

Реклама

Тој не прецизираше кој е ставот на Алтернатива околу тоа кој ќе раководи со новата партија. Во политичките кулоари веќе циркулираат повеќе сценарија за идното раководење, од ротирачко лидерство до модел со двајца копретседатели. Порача дека конечната одлука како ќе се позиционира неговата партија ќе ја донесе партиското раководство, додавајќи дека лично секогаш размислува „за што е“, а не „против што е“.

Но додека јавно се зборува за принципи, зад сцената веќе се бројат проценти. Неофицијално, Касами и Меџити се договориле Вреди да ја водат како копретседатели, со распределба од по 35 проценти за Беса и Демократското движење, а останатите 30 проценти за другите партнери. Гаши денеска избегна да коментира бројки, нагласувајќи дека за Алтернатива клучни се принципите. Во меѓувреме, Беса веќе ги распушти органите, Меџити најави ист чекор, додека Алтернатива засега останува на мораториум — што покажува дека обединувањето е почнато, но конечниот модел сè уште се договара.