Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Фондација САСА поддржа четири нови локални бизнис-иницијативи во Македонска Каменица

Фондацијата САСА потпиша договори за доделување грантови со четири бизнис-проекти избрани во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондацијата САСА потпиша договори за доделување грантови со четири бизнис-проекти избрани во рамки на акцелераторската програма „Започни ја својата бизнис авантура во Македонска Каменица“, чија цел е да ги поддржи локалните претприемачи во започнување или развој на сопствен бизнис и да придонесе кон локалниот економски развој.

Во рамки на програмата, Фондацијата САСА за овие четири проекти ќе обезбеди грантови за кофинансирање во вкупен износ до 50.000 евра.

-Станува збор за проектит е„Vila Kalimana Lake View“ – проект за развој на нов туристички комплекс во близина на езерото Калиманци, „Физио актив“ – проект за развој и понуда на организирани тури и туристички услуги со електрични велосипеди, „Micro Greens“ – проект за производство на органски земјоделски култури и „Осоговски Плод“ – проект за собирање и преработка на природни шумски плодови, информираа од Фондацијата од каде потенцираа дека избраните бизнис-идеи се во области кои претходно биле препознаени како приоритетни за заедницата, особено во секторите туризам и земјоделство, и имаат потенцијал за одржлив локален развој.

Реклама

По потпишувањето на договорите започнува фазата на имплементација, во која корисниците на грантовите ќе добиваат дополнителна стручна поддршка за развој на своите бизниси.

На јавниот повик за учество во програмата се пријавиле 18 апликанти, а во финалниот процес биле разгледани 16 бизнис-планови, што, според организаторите, ја потврдува заинтересираноста и потенцијалот на локалната бизнис-заедница.

Покрај финансиската поддршка, сите учесници во програмата посетувале обуки и менторски сесии во времетраење од пет недели, со цел стекнување практични знаења за подготовка и реализација на бизнис-планови.

-Со оваа програма не инвестираме само во бизнис-идеи, туку и во луѓето и во иднината на Македонска Каменица. Нашата цел е да го поддржиме создавањето нови одржливи бизниси кои ќе генерираат нови работни места и долгорочна вредност за заедницата- изјавија од Управниот одбор на Фондацијата САСА.

Акцелераторската програма е дел од иницијативите на Рудник САСА, кои преку Фондацијата САСА се насочени кон долгорочен и одржлив развој на локалната економија и подобрување на квалитетот на живот во заедницата.