Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

ФК Вардар и ФК Црвена Звезда ќе организираат хуманитарен меч за помош по трагедијата во Кочани!

Со цел да се соберат средства за семејствата на настраданите во трагедијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел да се соберат средства за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, фудбалските великани од Балканот, Вардар и Црвена Звезда, ќе одиграат хуманитарен натпревар во Скопје, и тоа на 16-ти април во вечерен термин.

Овој датум беше единствениот слободен за Црвена Звезда до крајот на сезоната, а Вардар без размислување го прифати и се согласи да го пречека српскиот шампион.

„Како акт на солидарност за помош на настраданите од пожарот во Кочани, Генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, и Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, вечерва се договорија двата клуба да одиграат хуманитарен натпревар во Скопје на 16-ти април“, се наведува во соопштението.

Реклама

Сите средства собрани од влезници и спонзори ќе бидат наменети за семејствата на жртвите на пожарот во Кочани.

Натпреварот ќе се одигра под рефлектори, во вечерен термин.

„ФК Вардар изразува огромна благодарност до нашите фудбалски пријатели и нивната посветеност за овој голем хуман потег. Двата клуба ќе го потпишат договорот утре. Исто така, им благодариме на легендата на Вардар и Црвена Звезда, Илија Најдоски, чијашто посредничка улога овозможи организирање на овој спектакл“, се додава во објавата на Вардар.