Реклама

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Македонија

Фискалниот совет ќе ги претстави анализите за одржливоста на пензискиот систем и состојбите во Вториот пензиски столб

Финансиската и демографската одржливост на пензискиот систем, како и можните насоки за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финансиската и демографската одржливост на пензискиот систем, како и можните насоки за негови реформи, ќе бидат во фокусот на презентација што денеска ја организира Фискалниот совет.

На настанот ќе бидат претставени најновите анализи и проекции за идниот развој на пензискиот систем во земјава, со посебен осврт на функционирањето и перформансите на Вториот пензиски столб.

Претседателот на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети, ќе ги презентира клучните наоди, додека извршната директорка на Finance Think, Благица Петрески, ќе ја претстави студијата „Одржливост на пензискиот систем во Северна Македонија“ со симулации на можни реформски решенија.

Реклама

Предвидено е и излагање на проф. д-р Шпреса Алија од Универзитетот на ЈИЕ во Тетово, која ќе ја презентира анализата за перформансите на Вториот пензиски столб, изработена во соработка со МАПАС.

Според најавите, меѓу темите за кои ќе се дискутира се „финансискиот јаз во пензискиот систем, влијанието на демографските трендови врз неговата одржливост, можните реформи за обезбедување стабилност на системот, како и приносите и идниот развој на Вториот пензиски столб“.