Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Фискален совет: Пензискиот дефицит ќе расте, потребни се постепени реформи

Пензискиот систем во земјава е под структурен фискален притисок и доколку не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пензискиот систем во земјава е под структурен фискален притисок и доколку не се преземе ништо во 2030 година дефицитот би бил 6,3 проценти од БДП, а би го достигнал врвот од околу 6,6 проценти во 2035-2037 година, покажува анализата направена по барање на Фискалниот совет за одржливост на пензискиот систем.

Како најризичен период се посочува 2038-2048 година кога транзициските трошоци го достигнуваат врвот, а бројот на осигуреници на еден пезионер паѓа под 1,3. 

Причините се добро познати и се резултат на влијанија коишто се провлекуваат повеќе од две децении. Прво, стапката на придонеси е намалена од 21,2 проценти на 18 проценти, а пензиите се повеќекратно зголемени надвор од законската формула. Како причина се наведува и демографијата и сивата економија. 

Реклама

Анализата покажува дека од 2023 година расходите за пензии растат значително побрзо од приходите од придонеси поточно 19 проценти во 2025 година наспроти 8,8 проценти. 

Според Фискалниот совет, треба да се напуштат и ад хок решенијата за зголемување на пензиите како што се линеарните зголемувања.

– Тоа не е демографски ефект, туку резултат на индексацијата и на линеарнните зголемувања на пензиите – велат од Фискалниот совет. 

Препораките се да се примени комбиниран пакет на мерки во кој би било вклучено постепено зголемување на придонесот на 20 проценти, индексација само во инфлација, намалување на сивата економија и поголемо учество на жените на пазарот на труд. 

Директорот на Фондот за пензиско осигурување Никола Мемов се согласува со тоа дека треба да има зголемување на стапката на придонесите, но дека тоа треба да оди постепено. 

– Овие 18,8 проценти не се доволни за сега ние самите да си ја платиме пензијата. Тоа го покажуваат и нашите пресметки. Оваа стапка на придонес треба да расте, но постепено, рече Мемов. 

Она што треба да се менува, според Мемов, е и сегашната методологија на исплата на пензиите, а заштитен механизам и контрола треба да има во делот кај повластените пензии.

– Третиот голем фактор кој предизвикува дефицит е административното зголемување на трошоците кон ФЗОМ. Со растот на пензиите, расте и обврската на ПИОМ кон ФЗОМ. Како растат пензиите, така расте и обврските на ПИОМ кон ФЗОМ, а цената на здравствените услуги не расте. Само за 2026 година, обврската на ПИОМ кон ФЗОМ е порасната за 3,5 милијарди денари затоа што пензиите се пораснати за  седум илјади денари кумулативно, тоа значи 30 милијарди денари за 2026 година – вели Мемов.

Тврди дека дефицитот во ПИОМ не е една милијарда, туку 500 милиони. 

– За 10 милијарди денари е зголемен дефицитот во 2026 односно годинава дефицитот е 64 милијарди од кои 32 милијарди за исплата на пензии, 13,7 милијарди кон ФЗОМ и 19,6 милијарди за транзициски трошоци. Тоа значи дека недостигаат 500 милиони евра за исплата на пензии, појасни Мемов.

Во однос на вториот пензиски столб за кој се крена дебата во јавноста, од Фискалниот совет советуваат да се смени структурата на инвестирање и да се инвестира во поризични инвестиции кои носат поголеми приходи.