Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и шверцувала пратки, кривична пријава против две лица

Царинската управа информира дека е откриен случај со нелегално работење на фирма…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа информира дека е откриен случај со нелегално работење на фирма што вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца, при што поштенските пратки ги внесувала со возила преку граничен премин, без да ги пријави кај царинските органи.

Како што соопшти денеска Царинската управа, при претрес во фирмата пронајдени се 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. 

– Царински инспектори од Одделението за истраги, во координирана акција со МВР, УЈП, Агенцијата за пошти и Државниот пазарен инспекторат извршија, претрес на фирма што нелегално вршела меѓународни поштенски услуги и шверцувала стока. Во моментот на претресот беа пронајдени вкупно 166 поштенски пратки со разновидна стока, со вкупна вредност од речиси 240 илјади денари. Пронајдената шверцувана стока е запленета, а од страна на инспекторите е поднесена кривична пријава против едно правно и едно физичко лице за сторено кривично дело прикривање стоки, кои се предмет на шверцување и царинска измама, се вели во соопштението. 

Реклама

Конкретно, појаснуваат, фирмата вршела меѓународни поштенски услуги без соодветна лиценца, при што поштенските пратки ги внесувала со возила преку граничен премин, без да ги пријави кај царинските органи. Пратките потоа нелегално ги складирала во магацин во нејзина сопственост, со намера од таму да ги транспортира до нарачателите за што би наплатувала паричен надомест.

Царинската управа најавува дека и понатаму ќе продолжи со засилени контроли и координирани активности со цел откривање и спречување на сите облици на шверц и незаконско работење, заштита на државните финансиски интереси и обезбедување услови за фер конкуренција.