Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

🎥 Финишираат преговорите околу комплетната листа на кандидати за градоначалници

На само една недела до распишувањето на локалните избори, политичките партии на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На само една недела до распишувањето на локалните избори, политичките партии на големо се подготвуваат за градоначалничките трки на есен. Речиси секој ден излегува по некој кандидат плус од партиите од македонскиот и албанскиот политички блок. За најголемиот дел општини во земјава, познат е барем по еден кандидат за локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ и дел од партиите на власт ќе соработуваат во некои општини. СДСМ сè уште анализира имиња за останатите општини.

Во наредните десетина дена ние ќе излеземе и со други имиња за кандидати на останатите општини. Можам да кажам дека СДСМ се подготвени за изборите и ќе излеземе со доста автентични имиња кои се членови на партијата. Како што кажавме и претходно, на овие избори ќе атакуваме на доста добри, изненадувачки резултати и со успех, рече потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски.

За овие избори промена во приоритетите има и кај албанскиот политички блок. Ако до минатите избори Тетово важеше за главната битка, сега според имињата тоа е Чаир. ДУИ ќе оди со поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, додека Вреди оди со Изет Меџити. Меџити е подготвен вицепремиерските и министерски должности да ги остави за градоначалничката трка. И не е само овој случај на откажување од министерстко место за потенцијално градоначалничко – тоа ќе го направи Фатмир Лимани, актуелен министер за социјална политика, демографија и млади кој ќе се бори за градоначалник на Кичево. Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, ова нема да има никакво влијание во работата на овие министерства

Реклама

Тоа е одлука на Коалицијата Вреди и ние сметаме дека нема да има никаков проблем во однос на функционирањето на министерсвтата бидејќи истите тие места веднаш по изборите ќе бидат пополнети, а во меѓувреме ќе функционираат со своите заменици, рече Петрушевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред неколку дена изјави дека неговата партија ќе има кандидат за градоначалник на Кичево. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ каде работите и стратегијата се извесни, социјалдемократите се пред предизвик, особено по случувањата во Струмица, каде СДСМ се откажа од актуелниот и номинираа друг камндидат.

Кога е град Скопје во прашање таму битката ќе ја водат Орце Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е актуелен градоначалник на Кисела Вода и Каја Шукова од СДСМ, поранешна министерка за животна средина. Свои кандидати ќе имаат и ДУИ и Вреди, а истото го најавија и Левица и Зелен хуман град.